Одрински Вилает: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 55:
Одринскиот револуционерен округ на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација бил дел од структурите на револуционерната мрежа и го опфаќал целиот Одрински вилает. По создавањето на [[ТМОРО]], во Одринскиот вилает се оформирале и првите месни комитети на организацијата. Во 1895 година била донесена одлука во организацијата да биде приклучен и турскиот дел на Тракија, покрај Македонија. Така, еден од основачите на организацијата, [[Даме Груев]], му наложил на [[Христо Поп Коцев]], кој бил учител во Одринската Егзархиска машка гимназија и член на организацијата, да започне изградбата на комитетската мрежа во Источна Тракија. Како резултат на тоа во 1895 година во Машката гимназија „Д-р Петар Берон“ во Едрене бил основан првиот револуционерен кружок од Поп Коцев. Во 1896 година со помош на [[Павле Генадиев]] била создадена и мрежата на Одринскиот револуционерен комитет, чиј претседател првично бил Поп Коцев. Специјален статус имал главниот град [[Цариград]], каде [[Димитар Лjaпов]] во 1895 година создал ''Цариградски револуционерен комитет,'' кој бил афтономен и добил право директно да комуницира со Централниот комитет на ВМОРО. Во 1896 година на Солунскиот конгрес териториите на Тракија и Македонија биле поделени на револуционерни окрузи, а меѓу нив бил и Одринскиот. По Солунскиот конгрес, Цариградскиот комитет се приклучил кон Одринскиот револуционерен округ.
 
[[Керемидчиоглува афера|Керемидчиоглувата афера]], која избувнала во јули 1900 година била првата од серијата афери кои гоги растреслирастресле структурите на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација во ОдринскаИсточна Тракија. Таа нанеслананела силен удар надврз револуционерната дејност и довела до страв и раздор. Во февруари 1901 година [[В'лчо Антонов]] ги прекинал односите со Одринскиот комитет на ВМОРО и ја прифатил поканата на претседателот на ВМОК [[Борис Сарафов]] да го предводи пограничниот премин на ВМОК во [[Чепеларе]]. Во Чепеларе Антонов применувалги средствасменил средствата на терор - па така уште во февруари биле убиени двајца истакнати дејци на организацијата - [[Атанас Шапарданов]] и [[Дечо Стојановски]], а во пролетта бил направен неуспешен обид за убиство на Хаџи Нури бег, кој ја предизвикал големата [[Пашмаклиска афера]]. АтентатиАтентатите врз бугарски дејцидејците и нападите врз муслиманските првенци, ослабилиго ослабеле револуционерното дело. Многумина истакнати дејци како [[Константин Николов]], [[Тане Стоев]], [[Владимир Коруев]] и други биле принудени да бегаатпребегнат во Бугарија.
 
Во истото време и Димитар Лјапов и Павле Генадиев ги прекинали односите со ВМОРО. Тие стапали во контакт со [[Борис Сарафов]], [[Петар Манџуков]], [[Славе Мерџанов]] и [[Петар Соколов]]. Подоцна дел од нив заминале во Цариград со цел да го убијат султанот [[Абдул Хамид]]. Откако се увериле дека не постојат никакви шанси за успешно изведување на атентатот, тие пристапиле кон нов план што опфаќал уривање на отоманската банка во [[Цариград]] и цела година групата копа тунел под земјата што води кон основите на банката. Потоа во [[Цариград]] бил испратен и [[Павел Шатев]], но турските влласти го уапсиле ерменецот кој требало да ги снабди со експлозив, а потоа биле уапсени Славе Мерџанов, Петар Соколов, Манџуков и Шатев.<ref name="PS"><small>''Павел Шатев, Солунскиот атентат и заточениците во Фезан, Култура, Скопје, 1994''</small></ref> Меѓутоа властите сметале дека станува збор за обични комити и по нтервенцијата на бугарскиот дипломатски преставник биле ослободени и протерани од [[Цариград]]. По падот на Сарафовиот комитет и [[Солунска афера|Солунската афера]] [[гемиџии]]те останале без поткрепа. За да се дојде до пари Мерџанов и Соколов формирале чета на чело со [[Георги Фотев]] и влегле во [[Одринско]]. Таму планирале да го ограбат возот [[Ориент Експрес]] но неуспеале во таа намера. Потоа тие грабнале еден турски бег но четата била откриена и уништена. [[Петар Соколов]] загинал, а [[Славе Мерџанов]] бил заробен и во [[Одрин]] заедно со свои другари бил обесен.<ref name="SnBS"><small>''Спомени на Борис Сарафов''</small></ref> Од своја страна Димитар Мечев во [[Одрин]] со група атентатори направил обид за копање на канал до австриската пошта но неуспешно.