Инквизиција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
 
{{cquote|Ние на овој начин им соопштуваме на сите еретици- катари, патарени, сиромашни луѓе на Лион… и сите други, па како и да се викаат. Кога Црквата ке ги осуди, тие ке бидат предадени на световниот судија да бидат казнети… ако било кој од нив, одкако ке го уапсат, се покае и посака да се покори, ке добие доживотна робија. Сите кои ги бранат или им помагаат на еретиците ќе бидат обележани. Ако било кој остане обележан година и еден ден, ќе биде прогонот… ако тие кои се осомничени за ерес не можат да ја докажат невиноста, пак ке бидат обележани. Ако останат обележани година дена ке бидат осудени како еретици. Тие немаат право на апелација… Секој кој ке им одобри христијански погреб ке биде обележан се додека не изврши пропишана надокнада. Тој не може да биде ослободен од вина с додека со свои раце не ги ископа нивните тела и ги фрли… Им забрануваме на сите световни лица да расправаат за работи од католичката вера, а ако било кој го стори тоа, ќе биде обележан. Секој кој познава еретици, или оние кои одржуваат тајни состаноци, или оние кои во секој поглед несодејствуват со правоверието, мораат со тоа да го запознаат исповедникот, или некој друг кој за тоа ќе го извести бискупот или инквизиторот. Ако тој не постапи така, ќе биде обележан. Еретиците и сите кои ги примаат, подржуваат или им помагаат, како и сите нивни деца до второ колено, нема да бидат примани во црковна служба… На овој начин, сега сите такви засекогаш ги лишуваме од нивните црковен статус.}}
 
== Осудување ==
 
Инквизицијата пројавила посебен интерес за [[Франција]] со движењето на албижаните, односно на [[катари]]те. Таму во [[Лангдок]], [[Алба]], [[Нарбони]], [[Авињон]], дошло до остри судири во кои во [[1242]] година некои инквизитори биле убиени. Освен во [[Франција]] инквизицијата делувала и во [[Италија]], [[Германија]], [[Чешка]], [[Шпанија]], но небила подеднакво застапена во сите европски земји. Во [[Арагон]], [[Кастиља]], [[Португалија]], [[Шпанија]] имало помалку еретици, а повеќе [[муслимани]] и [[евреи]].
 
[[Папа Никола IX]] во 1278 година им дал задача на доминиканците да го зацврстат римокатолицизмот. Доминиканците со [[мисионерство]] создале силно движење против арапите и евреите, така што многу од нив биле принудени да го примат католицизмот. Таквите се нарекувале марани или новохристијани. Тие, меѓутоа, биле христијани само по име, а за самото [[христијанство]] претставувале голема опасност, затоа што особено во повисоките слоеви на народот ширеле [[ерес]].
== Шпанија==
 
Со доаѓањето на [[Фернандо II Арагонски]] и [[Изабела I Кастилјска]] во [[Шпанија]] триумфирал римокатолицизмот, а еретиците биле прогонети. Така кон крајот на [[15 век]] во [[Шпанија]] дејствувала најдобро организираната инквизиција. На чело на инквизицијата биле личности кои со одобрение на кралот ги поставувал папата. Прв генерал на инквизицијата бил Торкемада. Инквизицијата дејствувала против новохристијаните, против јудејските ереси. Околу 170.000 евреи биле протерани во 1492 година, а голем дел од муслиманското население го примиле христијанството.
 
== Види исто така ==