Несторијанство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 9:
== Борбата со Кирил Александриски ==
Александрискиот патријарх [[Кирил Александриски]] жестоко реагирал на ситуацијата во [[Константинопол]]. Тој испратил послание до повеќе личности и места, вклучувајќи ги и Несториј, императорот [[Теодосиј II]], [[Пулхерија]], [[Папа Целестин]], антиохискиот архиепископ Јован. По ова, императорот му одговорил со писмо во кое го советувал да не предизвикува неред и кавги во црквата. Реакција на писмото од Кирил имало и во [[Рим]], така папата Целестин свикал собор истата година ([[430]]) на кој несторијанството било осудено како [[ерес]], а на Несториј му бил даден рок од 10 дена да се покае и откаже од своето погрешно учење, во спротивно му се заканувало отстранување од црквата. Во овој период, Рим и Константин сеуште не биле седишта на цркват во Европа, туку ова место припаѓало на [[Антиохија]].
 
Кирил во [[Александрија]] следејќи го примерот на Целестин свикал Собор истата [[430]] година на кој Несториј бил осуден. Одлуките на соборот во коишто се изложува правилното учење биле изложени во 12 тези уште наречени антитематизми, бидејќи секоја од нив завршувала со [[анатема]]. Истите биле испратени до Несториј за да ги прифати и потпише, со што би покажал дека се откажува од своето погрешно учење. Но ова ништо не променило. Епископите од источните делови на империјата сè уште не прифаќале дека Несториј е еретик, а Кирил го гледале како човек кој ги слева двете природи на [[Исус]].
 
Од страната на Несториј застанале [[Теодор Кирски]] и [[Андреј Самосадски]]. Антиохискиот архиепископ Јован од страна на императорот бил поставен за арбитер на проблемот, но тој почнал да го подржува Несториј. Ова довело до поделба во црквата, источните епископи (поголемиот дел од нив) застанеле од страна на Несториј, а западните од страна на Кирил. Единствено ерусалимскиот архиепископ останал неутрален.
 
== Трет вселенски собор==