Несторијанство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Несторијанството''' е движење во [[христијанство]]то кое од православието се одделило по [[Трет вселенски собор|Третиот вселенски собор]] во [[431]] година. Ова христолошко учење било наречено според [[Несториј Константинополски]].
 
Несториј не го измислил своето учење, туку само ја развил мислата и учењето на [[Диодор Тарсиски]] и [[Теодор Мопсуетски]] кои сепак биле многу поблаги. Диодор тврдел дека [[Бог]] од вечност знаел дека ќе се роди човекот [[Исус]] кој ќе живее непорочен живот, па уште од самото раѓање благодата започнала преизобилно да се излева врез него. Според несторијанството, со текот на времето сè до христовата 30 година таа се акумулиралала во него, а по неговата смрт таа во него се јавила како таворската светлина. Така, чудата на Исус според приврзаниците би требало да се препишат на [[Бог]], а не на христовата божествена природа. Од овде, несторијанството го негирало двете природи на [[Исус]]. [[Теодор Мопсуетски]] сепак тврдел дека терминот Богородица може да се користи како термин за мајката на [[Исус]].
 
== Несториј ==
 
По карактер, Несториј бил многу способен човек. Тој успеал да го убеди императорот [[Теодосиј II]] да го доведе во [[Константинопол]] и да го постави за [[патријарх на Константинопол]]. Несториј во својата работа како патријарх на [[Цариград]] издал едикт за прогонство на еретиците, што особено се однесувало на малкуте [[Аријанство|аријани]] коишто сè уште постоеле во империјата. На почетокот во проповедањето и развивањето на неговото еретичко учење му помагал свештеникот Анастасиј кој тој го довел со себеси во [[Константинопол]]. Анастасиј проповедал дека [[Богородица]] била ''човекородица'', бидејќи не родила [[Бог]] туку човек. Ова предизвикало големи нереди во престолнината, бидејќи [[Богородица]] била заштитничка на Константинопол. Несториј излегол да проповеда, но тоа довело до уште поголеми нереди, бидејќи и тој го проповедал истото што и Анастасиј, но отишол и уште подалеку во своето понижување на Христа велејќи дека не може бебе кое се хранело од градата на жена да нарече и признае за [[Бог]].