Послание до Тит: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Посланието на апостол Павле до Тит''' е книга од [[Новиот Завет]]. Тадиционално се смета дека била напишана од страна на [[апостол Павле]]. Посланието било упатено до апостол Тит. Иако ова послание апостол Павле го адресирал до Тит, според некои истражувачи тоа не е приватна комуникација меѓу учител и ученик туку е официјално послание до црквата во [[Крит]]. По формата ова послание е пастирско. Преку него, апостол Павле го поучува Тит во извршување на пастирската грижа што ја има кон црквата во [[Крит]].
 
== Тит ==
 
Според Второто послание до Коринтјаните (8:23), Тит бил голем пријател и приврзеник на апостол Павле кој го придружувал апостолот на Ерусалимската средба, кога се дискутирало за ослободување на неевреите христијани од исполнувањето на Мојсеевиот закон (Галатјани 2:1, Дела 15). Тит е опишан на неколку пати во Новиот Завет, како човек од доверба, со утеха и грижливо срце.
 
 
== Крит ==
 
Островот Крит, претставувал посебна провинција во [[Римската империја]] која броела стотина густо населени гратчиња. Критјаните биле познати по лошата репутација. Поетот [[Епиманед]], кој е цитиран од [[апостол Павле]], ги опишува луѓето од Крит како „лажливци, зли
ѕверови, мрзливи мешишта“ (Тит 1:12). Биле задоени со пагански суеверија и лажни верувања според кои [[Зевс]] бил роден на некоја од нивните планини. Тоа се луѓето со кои Тит се нафатил да ја гради Христовата црква.