Евангелие според Матеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
 
Второ прашање кое предизвикува полемики во науката е проблематиката поврзана околу неговата автентичност. Во врска со ова постојат две спротиставени групи мислења. Првата е онаа која се сомнева во неговата автентичност, а втората е онаа која го вреднува за релативно сигурен извор. Па така, како еден од аргументите кои одат во прилог на автентичноста на матеевото евангелие е фактот дека неговиот автор многу добро ја познавал географијата на [[Палестина]], хебрејските обичаи и хебрејската историја. Тој имал и одлично познавање на [[Стар Завет|Стариот Завет]], а посебно на Мојсиевиот Закон.
 
== Содржина==
 
Ова евангелие, во споредба со другите три, се карактеризира со подетално опишување на чудата што ги направил [[Исус Христос]] за време на неговиот живот. Ова се должи на фактот што истото било, пред се, упатено до хебрејските конвертити и оттука, неговиот автор се обидува да докаже дека преку личноста на Исус се исполнети пророштвата од Стариот Завет.