Константин I и христијанството: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Римскиот император [[Константин Велики]] го прифатил [[христијанство]]то по неговата победа во [[Битка на Милвианскиот мост|Битката на Милвианскиот мост]] во [[312]] година. Во текот на неговото владеење, христијанството станало доминантна религија во [[Римската Империја]], а со ова тој станал и првиот христијански император, кој од страна на денешната [[Православна црква]] се смета за светец.
 
Константин пред битката погледнал нагоре кон сонцето и видел голем светлосен крст со натпис на [[грчки]]: "ΕΝ ΤΟΥΤΩ ΝΙΚΑ" По ова, Константин наредил штитовите на секој војник да се украсат со христијански симбол ([[Чипо]])<ref>R. Gerberding and J. H. Moran Cruz, ''Medieval Worlds'' (New York: Houghton Mifflin Company, 2004) p. 55; cf. Eusebius, ''Life of Constantine''</ref> . Во битката, Константин излегол на крај како победник и завладеал со целата империја. Колку Константин го прифатил христијанството во тој период е тешко за објаснување. Највлијателните соработници на Константин сѐ уште биле со [[паганство|пагански]] обичаи. На [[римски монети|римските монети]], кои биле направени по осум години по [[Битката на Милвианскиот мост]], сѐ уште биле насликани [[римска митологија|римските богови]]<ref>R. Gerberding and J. H. Moran Cruz, ''Medieval Worlds'' (New York: Houghton Mifflin Company, 2004) p. 55</ref>.
 
Христијанската свест на [[Константин Велики]] му била наложена од неговата мајка, [[Света Елена]]. Денес, постои научен спор за тоа дали Константин [[христијанство|христијанството]] го примил во младоста, во текот на својот живот или непосредно пред смртта.<ref> R. Gerberding and J. H. Moran Cruz, ''Medieval Worlds'' (New York: Houghton Mifflin Company, 2004) p. 55</ref>.
 
Константин Велики има голема улога во историјата на [[христијанство|христијанството]]. Тој е еден од главните финансиери на [[црква|црквата]], изградил многу [[базилика|базилики]], ја ослободил црквата од многу [[данок|даноци]] и на тој начин го помагал распространувањето на христијанството. Во периодот од [[324]] до [[330]] година ја преместил престолнината на империјата од [[Рим]] во [[Византион]], град кој подоцна во негова чест е наречен [[Константинопол]]. Градот го изградил во духот на новата [[религија]] со многу цркви и со одбранбени ѕидини. Во ''Новиот Рим'', како што бил нарекуван, не постоеле пагански храмови. Константин бил крстен на смртното легло.