Фотиј I Цариградски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
Во 857 година, ко-императорот Михаил го отстранил од Константинополската катедра [[Игнатиј I Константинополски]]. Епископите, го посочиле на императорот Фотиј како човек кој бил достоен да го заземе првосветителскиот престол. Свети Фотиј со смирение го примил предлогот. Во текот на шест денови тој бил спроведен низ јерархиските чинови, а во денот на [[Христово Рождество |Христовото Рождество]] бил посветен за епископ со возведување на патријаршискиот престол.
 
Сепак, наскоро започнале конфликти во црквата, поттикнати од страна на Игнатиј. Во [[861]] година бил свикан Собор за прекратување на немирите, на кој биле потврдени отстранувањето на Игнатиј и изборот на патријархот Фотиј. [[Папа Никола I]], чии пратеници присутствувале на тој Собор, се надевал, утврдувајќи го Фотиј за патријарх, дека ќе го потчини под своја власт, но откако не го добил очекуваното, на Римскиот Собор го предал Фотиј на [[анатема]].
 
Во [[864]] година целата Бугарска земја доброволно се обратила во [[христијанство]]то. Бугарскиот кнез [[Борис I]] бил крстен, според преданието, од самиот патријарх Фотиј. Потоа светителот Фотиј испратил во [[Бугарија]] архиепископ и свештеници за Крштевање на бугарскиот народ. Во негово време, тој ги испратил Свети Кирил и Методиј во [[865]] да го проповедаат христијанството на [[словенски јазик]].