Фотиј I Цариградски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
Бил внук на светиот Патријарх Тарасиј, што значи од раѓање припаѓал на познато семејство кое верно ги почитувало светите икони. Свети Фотиј добил одлично образование и заради роднинските односи со императорскиот дом, бил поставен на должноста прв државен секретар во сенатот. Тој ги учел во науките младиот наследник на престолот Михаил и идниот просветител на [[Словени]]те рамноапостолниот Кирил.
 
Во 857 година, ко-императорот Михаил го отстранил од Константинополската катедра [[Игнатиј I Константинополски]]. Епископите, го посочиле на императорот Фотиј како човек кој бил достоен да го заземе првосветителскиот престол. Свети Фотиј со смирение го примил предлогот. Во текот на шест денови тој бил спроведен низ јерархиските чинови, а во денот на [[Христово Рождество |Христовото Рождество]] бил посветен за епископ со возведување на патријаршискиот престол.