Монетарно осамостојување на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 2:
 
==Подготовка на процесот на монетарно осамостојување==
Подготовките за спроведување на монетарното осамостојување започнуваат во најголема тајност, веднаш по прогласувањето на независноста и донесувањето на [[Устав]]отУставот на Македонија]]. За спроведување на монетарното осамостојување, во [[1991]] г., [[Владата на Република Македонија]] формира Комисија за монетарен систем во состав: [[Никола Кљусев]] - претседател на Владата, [[Методија Тошевски]] - министер за финансии, [[Борко Станоевски]] - гувернер на НБМ и професорите [[Ксенте Богоев]] и [[Љубе Трпески]]. На [[19 декември]] 1991 г., Владата на Република Македонија носи одлука со која ја овластува [[Народната банка на Македонија]] да го организира процесот на печатење и дистрибуција на вредносни бонови како привремено платежно средство. На [[7 февруари]] [[1992]] г., во трезорите на НБРМ се депонирани 27 858 696 парчиња вредносни бонови, печатени во печатницата "11 Октомври" од [[Прилеп]]. Боновите се издадени во апоенска вредност од 10, 25, 50, 100, 500 и од 1 000 единици со унифициран дизајн и со различна боја. На предната страна на боновите се претставени тутуноберачи, а на задната страна е споменикот [["Македониум"]] во [[Крушево]], дело на скулпторот [[Јордан Грабул]]. Заради ефектите на галопирачката [[инфлација]], подоцна се печатат и вредносни бонови со апоенска вредност од 5 000 и 10 000 единици.
 
==Монетарно осамостојување и воведување на македонскиот денар==