Монетарно осамостојување на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 8:
 
==Напуштање на вредносните бонови и појава на вистинските пари==
По пуштањето во оптек на вредносните бонови, НБРМ започнува со подготовки за издавање на првата стандардизирана емисија на македонски денари ([[банкноти]] во апоени од 10, 20, 50, 100 и од 500 денари и [[монети]] со вредност од 50 дени и од 1, 2 и од 5 денари). Првата емисија на денарите е печатена во печатницата "11 Октомври" од Прилеп, а металните пари се изработени во фабриката "Сувенир" од [[Самоков]]. Печатењето и ковањето започнува во есента 1992 г. и трае до април [[1993]] г. Дизајнот на првата емисија на книжни пари е дело на графичкиот уметник [[Борче Николоски]], а банкнотите носат ликовни решенија од [[македонското културно наследство]] (старата зграда на НБМ во [[Скопје]], црквите [[св. Софија]] и [[св. Јован Канео]] во [[Охрид]], црквата [[св. Пантелејмон]] во с. [[Нерези]], [[Даут-пашиниот амам]] во Скопје, саат-кулата во Прилеп, [[куќата на Робевци]] во Охрид итн.). Дизајнот на металните пари ги изразува најзначајните претставници на биодиверзититетот во Република Македонија ([[охридската пастрмка]], [[шарпланинското куче]], [[пелистер]]скиот [[рис]] и [[дојран]]скиот [[галеб]]). Замената на вредносните бонови со денарски банкноти трае од [[10 мај]] до [[31 декември]] 1993 г. Притоа, на [[7 мај]] 1993 г. е извршена законска деноминација на денарот со која еден денар вреди 100 дотогашни вредносни бонови. Сегашното издание на македонски банкноти е пуштено во оптек на [[8 септември]] [[1996]] г. и се состои од книжни пари во апоени од 10, 50, 100, 1 000 и од 5 000 денари, кои се дело на ликовниот уметник [[Билјана Унковска]]. Банкнотите носат ликовни решенија кои го изразуваат богатото [[културно-историско наследство на Република Македонија]] (статуа на божицата [[Изида]] пронајдена во Охрид, детал од [[мозаик]]от на [[базилика]]та во[[Стоби]], детал од [[фреска]] од црквата [[св. Ѓорѓи]] од с. [[Курбиново]], таванска [[розета]] од албанска куќа од [[Дебар]], златната маска пронајдена во с. [[Требениште]], [[икона]] од црквата [[Мали св. Врачи]] од Охрид, бронзена фигура на [[Менада]] пронајдена во [[Тетово]] итн.).<ref> Кики Мангова Поњавиќ, Ванчо Каргов, ''60 години централно банкарство во Република Македонија'', Народна банка на Република Македонија, Скопје, 2006, стр. 87-109.</ref>
 
==Извори==