Хипи-движење: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: <big> '''Хипи'''</big> Подкултурата хипи првично беше младинско дв...
 
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{внимание}}{{викифицирање}}
<big> '''Хипи'''</big>
 
 
Подкултурата хипи првично беше младинско движење кои започна во Соединетите Држави во текот на средината на шеесеттите години и брзо се прошири во другите земји околу светот. Етимологијата на изразот „хипи“ е од зборот hipster (панатлони на колк) и се користеше да ги опише битниците кои дојдоа во селото Гринвич, околината на градот Њу Јорк и во областа Хеит Ешбери во Сан Франциско. Раната хипи идеологија ги вклучуваше контракултурните вредности на Бит генерацијата. Некои креираа свои сопствени општествени групи и заедници, слушаа психоделичен рок, ја прифатија со добредојде сексуалната револуција и користеа дроги како што е марихуаната и ЛСД со цел да ги проучат алтернативните состојби на свеста.
Во јануари 1967 година, настанот Human Be-In (Човеково битисување) во паркот Голден Гејт во Сан Франциско ја популаризира хипи културата, водејќи кон легендарниот настан Лето на љубовта на западниот брег од Соединетите Држави и кон Вудсток фестивалот на источниот брег во 1969 година. Хипиците во Мексико, познати како хипитекас, ја формираа Ла онда чикана и се собираа кај Авандаро, додека во Нов Зеланд номадските хаустракери (групи кои ги претворале старите камиони и автобуси во подвижни домови за живеење) практикувале алтернативен животен стил и промовирале одржлива енергија во Намбаса. Во Обединетото Кралство, мобилните „мировни конвои“ на патниците од новото доба правее летни аџилаци на бесплатните музички фестивали во Стоунхенџ. Во Австралија, хипиците се собраа во Нимбин за фестивалот Аквариус (водолија) во 1973 година и годишното рели за реформи во закаонот за канабисот (марихуана) во МардиГрас. Во Чиле беше одржан фестивалот „Пиедра Роха“ во 1970 година и тој беше главниот хипи настан во таа земја.