Ренесансна архитектура: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 219:
[[Податотека:Milano Grazie 1.JPG|thumb|Св. Марија на благодарноста, Милано.]]
 
[[Донато Браманте]] ([[1444]]–[[1514]]), бил роден во [[Урбино]] и преминал од сликарство на архитектура. Повеќе од 20 години бил под покровителство на [[Лудовико Сфорца]], војвода од [[Милано]], за кого изградил голем број на објекти. По падот на [[Милано]] и неговото завземање од страна на [[Французи]]те во [[1499]] година, Браманте заминал за [[Рим]], каде што постигнал голем успех под покровителство на [[папа]]та<ref name= I.R.>Ilan Rachum, ''The Renaissance, an Illustrated Encyclopedia'', 1979, Octopus, ISBN 0706408578</ref>.
 
Најдоброто архитектонско достигнување на Браманте во [[Милано]], бил неговиот прилог на крстосница и хор за црквата [[Црква Санта Марија деле Грацие|Св. Марија на благодарноста]]. Тоа било конструкција од тули, чија форма е правена според северната италијанска традиција на крстилници или цркви со правоаголни сводници. Новата зграда била централно планирана, освен што поради локацијата, заградениот простор источно од [[олтар]]от се протегал подалеку од страничните [[бродо]]ви. Полукружниот свод поставен попреку на околу 20 метри, поткрева скриен октогонален тапан продупчен на горната површина со заоблени класични отвори. Целиот екстериер има исцртани детали украсени со локалната теракотна орнаментија.