Гоце Николовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
| наставка2 =
| познат = [[музичар]], [[пејач]]
| занимање = службеникeстраден уметник
| сопружник = Весна Николовска
| родители =
Ред 24:
 
== Биографија ==
Гоце Николовски ({{роден во|Скопје}}, {{роден на|||1947}} - {{починал во|Скопје}}, {{починал на|19|декември|2006}}) е роден во [[1947]] година во [[Скопје]], [[Македонија]]. Музичката кариера ја започнува со шеснаесет години во градот Ниш, каде што живее. Победник е во тогаш популарната емисија " Максиметар " и уште тогаш ја навестува својата музичка кариера. Почнува во групата " Рубинси " , но многу брзо преминува во тогаш најпопуларната нишка попрок група " Далтони ". Славата на оваа група се шири по Југославија, а нивната песна " Рука од сна ", и денес често може да се чуе на нишките радио станици. Својата популарност како [[музичар]] и [[пејач]]во Македонија ја достигнува во [[1990]] година кога на [[Фолк Фест Валандово]] за прва пат ја изведува легендарната македонска песна ''Бисер Балкански''. Песната ја доби првата награда на фестивалот во конкуренција од повеќе изведувачи од [[СФРЈ|Југославија]]. Песната наскоро стана многу популарна, голем хит и широко прифатена од македонската публика и од македонскиот народ воопшто. Бидејќи песната се испеа на самиот распад на Југославија, [[македонци]]те си ја прифатија како симбол на својата долгочекана независност и сувереност и симбол на македонштината, а во дијаспората честопати е изведувана како македонска химна. Гоце Николовски често беше нарекуван и како ''бисер балкански'', по името на својата песна.
Низ текот на годините, Гоце Николовски издаде и неколку други песни како ''Серенада'', " Приказна за Ангелина ", " Запејте сите ангели ", " Бисера ", " Песна од земја далечна ", но никоја од нив не ја достигна популарноста на песната ''Бисер Балкански''. Во 1992 година, Николовски учествуваше на фестивал во [[Канбера]], фестивал сличен на [[Фолк Фест Валандово]] со песната ''Од мајка нема помила''. Во Австралија и Канада, Николовски уживаше многу поголема популарност отколку во татковината, факт кој го докажуваат големиот број продадени дискови, кои се популарни и продавани и неколку години по неговата смрт. Поради неговиот допринос за македонската заедница во Австралија, Николовски е прогласен за почесен граѓанин на Аделаида, а градоначалникот на овој град му доделил на Гоце почесен " клуч на градот " . Повеќе тв и радио станици од Македонија и дијаспората на македонскиот музички бисер постхумно му доделија награди за животно дело.
Неговиот голем хит "Бисер балкански" во 2000 е прогласен за песна на векот во Македонија. Поради своите музички квалитети и допринос за македоската народна музика, Гоце Николовски спаѓа во редот на најголемите музички имиња во македонската историја, а неговите песни остануваат да не потсетат на нашето тешко минато и тешкотиите кои не смеат да бидат заборавени.
 
== Трагична смрт ==
 
На [[16 декември]] [[2006]] година, соседството на Николивски слушнало истрел од пиштол во околу 22:00 часот. Околу два часот ноќта, во домот се враќа неговиот син Александар, кој го пронаоѓа безживотното тело на татка си и ја повикува полицијата. Во 3:00 часот, полицијата пристигнала во станот на Николовски пронаоѓајќи го мртвото тело на македонскиот [[пејач]]. Гоце Николовски извршил [[самоубиство]], испукувајќи куршум во својата глава. Николовски бил сам дома. Телото на покојниот било во неговиот стан, покрај него пиштолот и порака до своeто семејство<ref>''[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=71831 Легендарниот пејач Гоце Николовски пронајден мртов]''</ref>.
 
== Наводи ==