Димитар Циев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Димитар Циев''' (роден на {{роден на|3|јануари|1939}} во {{роден во|Струмица|}} - {{починал на|27|јули|2010}} во {{починал во|Скопје|}}) бил поранешен југословенски и македонски одбојкар и прв селектор на Македонската одбојкарска репрезентација.
 
== Биографија ==
 
Одбојкарските кариера Циев ја започнал во [[Струмица]]. По завршувањето на средното образование, тој заминал на студии во Белград, каде и продолжил да се занимава со одбојка. Во Белград завршил Факултет за физичка култура. По дипломирањето се вратил во родната Струмица и го формирал одбојкаркиот клуб „''Југославија''“, во кој бил активен одбојкар, а подоцна и тренер.
 
Во својата богата тренерска кариера, Циев бил тренер во одбојкарските клубови во [[Струмица]], [[Штип]], [[Берово]], [[Велес]], [[Пробиштип]] и [[Скопје]].