Сивоврановидни: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с →Основни одлики: Слика |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 31:
== Основни одлики ==
[[Податотека:Alcedo atthis 2 (Marek Szczepanek).jpg|
[[Клун]]от е силен и задебелен и има различна големина и изглед — кај птиците-носорози тој е доста голем и украсен со рожести секреции во облик на обоен гребен; кај момотите тој е прилагоден за рассечување на [[инсект]]и; кај пчеларките тој е долг, тенок и свиен надолу. Пердувите се густо распоредени, сјајни и живописно обоени. Кај рибарчињата тие се масни, што оневозможува мокрење на пердувите во текот на нуркањето во водата. Летот е елегантен и акробатски како кај пчеларките, или брз и издржлив како кај рибарчињата, додека кај пупунците е ундулаторен. Птиците-носорози во текот на летот произведуваат свирежни звуци многу слични на [[тукани]]те и кои потсетуваат на звукот кога од вентил се испушта пареа под притисок. Опашката се состои од десет до дванаесет летални пердуви и има различна должина, која кај јужноамериканските момоти ја надминува должината на телото.
|