Странски пропаганди во Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 241:
 
По [[Берлинскиот конгрес]] доаѓа до стагнација и опаѓање на унијатската пропагнда. [[Австро-Унгарија]] не успеала да ја реализира замислената идеја за засилување на пропагандата, и по една деценија нејзините преставници во Македонија заклучиле дека унијатската пропаганада е во опаѓање а онаму каде што постои унијата, населението тоа го правело од политички цели а не од верски побуди. На 30.09.1889 година, австро-унгарскиот конзул испратил извештај во кој истакнал дека унијаската пропаганда опаѓала затоа што францускиот конзул му дозволил на рускиот преставник да дејствува против унијата, и тоа во интерес на француско-руското пријателство. Меѓутоа треба да се истакне дека тоа било точно само делумно, по формирањето на [[Бугарската Егзархија]] дел од македонскиот народ почнал да преминува под јуриздикција на Егзархијата, бегајќи од погрчувањето тие наишле на егзрхиска стапица која била поставена на словенска основа но со тенденција да бугаризира. Бугарскиот трговски агент од [[Солун]], [[Атанас Шопов]], во разговор со францускиот конзул Стег, истакнува дека е нормално откажувањето од унијата и преминувањето во Егзархијата, бидејќи унијатите не можеле да преживеат во православна провинција. Егзархијата на своите верници им забранила да даваат или земаат моми од унијатите, да венчаваат, крштеваат и обратно. [[Католичката црква]] имала слична забрана до своите верници. Од друга страна францускиот конзул Стег истакниваа дека населението во [[Македонија]] не било навикнато да први догматска разлика помеѓу унијатите и православните. Тоа само го потврдува фактот, дека [[ТМОРО]] која се зародила во егзархиската средина брзо се зацврстила и меѓу унијатите. Во 90-години на 19 век, откажувањето од унијата и преминувањето кон егзархијата станало масовна појава. Цели села се откажувале и преминувале кон егзархијата, 1894 година од унијата се откажал и самиот кукушко унијатски епископ Младенов. На 20.12.1894 година францускиот конзул во извештајот до министерството за надворешни работи истакнал дека во некое подобро време, унијатската пропаганда со друго раководство би имала успех. Притоа тој констатираал дека на 1 000 000 жители имало само 20. 000 унијати.
 
== Протестанската пропаганда во Македонија ==
 
{{Главна|Протестанската пропаганда во Македонија}}
 
'''Протестанската пропаганда во Македонија''' се јавува во втората половина на [[19 век]]. Таа претежно била ширена од страна на американски и англиски мисионери. Оваа пропаганда била поставена врз верска основа но со политички цели и за разлика од пропагандите на соседните држави таа не дејствувала ретроградно врз македонското национално обособување односно не го загрозувала македoнскиот национален индивидуалитет.
 
== Првите училишта во Македонија ==
 
Најактивна на [[Балканот]] била [[Конгрегационалистичка црква|Конгрегационалистичката црква]], која што отвара голем број евангелски заедници и цркви.
 
Својата мисија, ја започнува со отварање училишта (според западните модели и стандарди).
 
Во [[1860]] година во [[Пловдив]] се отвора ''Првото машко евангелско училиште'' во [[Бугарија]], а подоцна и ''Првата женска гимназија''. Од [[Бугарија]] мисионерите своето тежиште го префрлиле на македонското поднебје.
[[Податотека:д-р Хаус.jpg|мини|десно|150п|Д-р Џон Хаус]]
Откако неколку семејства од [[Банско]], со православна вероисповед ги прифатиле протестантските идеи, на [[6 август]] [[1868]] година таму се формира првата евангелска заедница.
 
Од оваа точка протестантските идеи се шират во околината при што [[Разлошка котлина|Разлошката котлина]] станува значајно мисионерско седиште. Во [[1873]]-[[1874|74]] година, се отвара мисионерска станица во [[Битола]].
 
Со отварањето на битолската мисионерска станица се поставува најсигурниот темел-потпорник на протестантизмот во [[Македонија]]. Од центарот во [[Битола]], се раководи со протестантскиот кадар којшто мисионирал во [[Македонија]], тука се решаваат и сите други проблеми кои што се пројавуваат во оваа свера.
 
Воспитно-образовниот систем и згрижувањето на сирачињата, биле прашања на кои што им се приоѓало со особен интерес.
 
Во [[Битола]] се отвара ''женска гимназија'' и дом за деца без родители. Во мисионерската станица во [[Битола]] се одржувааат редовни евангелски служби под водство на мисионерите, додека пак сопругите на мисионерите се грижеле за библиската и медицинската активност на станицата.
 
Битолската мисионерска станица, следејѓи го духовниот живот во [[Радовиш]] (каде што проповедал [[Никола Бојаџиев]]), во [[1886]] година отвара евангелска заедница, а нешто подоцна отвара и во [[Раклиш]].
 
Во [[струмица|струмичкото село]] [[Моноспитово]], Евангелска црква била отворена во [[1884]] година, а по неколку години во [[Муртино]] се формира евангелска заедница.
 
Во [[1898]] година, организираната црква броела 60 члена, а со својата самопрегорна работа многу се истакнал [[Костадин Грачанов]].
 
Во [[Колешино]], првата Евангелска црква се организира во [[1899]] година, а првата проповед ја одржал пастирот Кимов, од струмичката црква, во домот на [[Мане Изев]], на [[19 мај]] [[1890]] година.
 
Во [[1906]] година, на парцелата, која што ја подарил [[Димитруш Ицев]], била изградена првата Евангелска црква. По нејзиното запалување на истото место била изградена нова црква.
 
Мисионерската станица во [[Солун]], е отворена во [[1894]] година. Со неа раководел д-р [[Џон Хаус]]. Во овој мисионерски центар, особен акцент бил ставен на работата со затворениците од [[Беас Куле]].
 
Отварањето на евангелската заедница во [[Кукуш]] ([[1885]]), е резултат на бројните посети на мисионерите од Солун, како и од активностите на книжарите [[Христо Зрнев]], [[Димитар Кардалев]] и [[Никола Тренчев]]. Нешто подоцна, евангелски заедници се организираат на север од [[Кукуш]], во [[Горни Тодорак|Горни]] и [[Долни Тодорак]].
[[Податотека:Ellen_stone.gif|150п|мини|десно|[[Мис Стон]]]]
 
Во [[1896]] година евангелска заедница се отвара во [[Воден]], во [[1897]] во [[Драма]], а во [[1898]] во [[Ениџе Вардарско]]. На [[23 август]] [[1899]] година, во Солун се одржува единствената конференција на евангелските работници од Македонија, која што ја раководеле д-р Џон Хаус, д-р [[Едвард Хаскел]] и [[Мис Елен Стон]].
 
Во околината на [[Солун]], а во делокруг на активностите на Солунската мисионерска станица, во [[1904]] година, д-р Џон Хаус го формирал земјоделско-индустриското училиште. Во училиштето, покрај редовните евангелски богослужби, односно религиозното образование, се врши и континуирано земјоделско образование.
 
Ова образование треба да помогне за подобро и поуспешно извршување на земјоделските работи, секако користејќи ги придобивките на современата технологија. Не случајно и првиот трактор на Балканот бил донесен во земјоделско-индустриското училиште во [[Солун]].
Но, сепак, најголемо и најсензационално светското внимание било свртено со заробувањето на американската мисионерка Мис [[Мис Елен Стон|Елен Стоун]].
 
Целата светска јавност со огромен интерес го следела текот на ослободувањето на славната мисионерка, која подоцна се докажала како голема заштитничка на македонското дело и обвинителка на Турците <ref><small>''Вестители на истината, редактор Христо Христов Куличевã, Второ раширено издание, Издателство, "Бãлгарско библеиско дружество" ООД, 1994, стр. 89''</small></ref>.
 
== Односот на Македонците кон протестанската пропаганда ==
 
[[Македонците]] кон оваа пропагнада приоѓала надевајќи се дека ќе наидат на заштита од страна на содветните дипломатски преставници во [[Отоманска Империја]], во овој случај американските и англиските конзули или пак други официјални лица.
 
Меѓутоа со текот на времето кај [[Македонците]] се создала негативна конотација во однос на протестанските мисионери и нивната дејност. По завршувањето на [[Афера мис Стон|Аферата мис Стон]] и по ослободувањето, [[Мис Елен Стон|мис Стон]] се нашла во [[Солун]] и таа во куќата на американскиот конзул Х. Лазаро истакнала дека:
 
{{Цитатник|''... грабнувачите не се разбојници, туку луѓе на Организацијата која има за цел да ја ослободи Македонија... тие биле грабнати бидејќи со мисионерската дејност ги одвраќале макеоднските луќе од нивната национална религија - православието. Таа истакнала дека таква судбина ги очекува сите протестански мисионери доколку не престанат ги збунуваат православните'' <ref name="VG"><small>''Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет''</small></ref> }}
 
== Наводи и белешки ==