Њу ејџ: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
мало проширување |
мало проширување |
||
Ред 3:
'''Њу Ејџ''' ([[англиски јазик|англиски]]: ''New Age''), '''ново доба''', '''ново време''' се термини кои вообичаено се користат за да означат широкото движење на доцниот 20 век и современата [[западна култура]], карактеризирано со еклектичен и индивидуален пристап кон [[духовност]]а. '''Само-духовност''' (''Self-spirituality''), '''нова духовност''' (''New spirituality''), и '''ум-тело-дух''' (''Mind-body-spirit'') се други имиња кои се користат за движењето. Њу Ејџ е разнолико движење на индивидуалци, кое вклучува и лица кои калемат њу ејџ верувања на одредена традиционална религија. Скорешните истражувања покажуваат дека околу 20% од [[Американци]]те имаат барем некои Њу Ејџ верувања.
Психологот [[Мерилин Фергусон]], во нејзината книга ''Заверата на Водолијата'' (1980) го дефинира Њу Ејџ-от како ''"појава на нова културна парадигма, чие ширење ќе биде планетарно, навестувајќи една нова ера во која човештвото ќе успее да реализра значаен дел од својот физички, психички и духовен потенцијал"''.
Заедничко за индивидуалните автори, како и групите кои се бараат себеси во оваа идеја, е тоа што тие споделуваат склоност индивидуите да бидат трансформирани преку будење на духот и издигнување на свеста. Њу Ејџ мислата на тој начин сака да го спреми човештвото за доаѓањето на едно "ново време" на универзална хармонија (концепт кој понекогаш, во астролошката терминологија се поврзува со "ерата на Водолијата").
Њу Ејџ-от, кој се смета себеси за обид за "повторно маѓепсување на светот", како реакција на [[материјализам|материјализмот]] на општеството на почетокот на 20 век, е составен дел на глобалниот феномен на новата религиозност родена во 60тите години наспроти кризата на идеологиите и отпорот кон индустрискиот раст, и притоа, инспирација црпи од претходните [[теософија|теософски]] доктрини. Некои од главните особини се
|