Бугарска преродба: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
:''Бидете внимателни вие, што читате и слушате, родe бугарски, кои сакате и имате во срцето своjот род и своjата бугарска татковина и имате желба да знаете тоа што се знае за своjот бугарски род и вашите татковци, дедовци, прадедовци и цареви, патриарси и светци како се наjпрво живели и делували. За вас е неопходно и вредно да знаете што е познато за делата на вашите татковци како што знаат сите други племиња и народи своjот род и jазик, имат историjа и секоj писмен од тех знае, раскажува и е горд со своjот род и jазик.''
 
Друг напор прави рускиот автор [[Јуриј Венелин]], кој во [[1829]] година објавува книга преку која бугарските Словени ги прогласува за одделен словенски етникум - Бугари. Напорите на Венелин наишле на големо одобрување кај бугарските еминентни преродбенски кругови, кои сакале да бидат признаени на Балканот како одделен етникум. Исто така во [[Русија]] тие напори биле подржувани од рускиот империализам, коj имал намера да создаде голема словенска православна држава со името Бугарија под нејзина контрола, преку која би излегла на [[Егејско Море|Егејското Море]] и [[Босфор]]. Тие интереси неретко биле штетни за самите Бугари, за кои Русија се гледала како еден нов поробувач (како што вели бугарскиот апостол на слободата [[Васил Левски]] во своите писма) и некои од големите бугарски успеси како афирмациjата на Бугарската Егзархиjа се устварени во борба против руските интереси, кои подржале идеjата за една сеопшта православна Цариградска патриаршиjа.