Походи на Александар Македонски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Поход на Индија: превземено од статијата Александар Македонски
сНема опис на уредувањето
Ред 5:
Некои грчки држави - [[полис]]и направиле обид да ја отфрлат [[Античка Македонија|македонската]] власт, но Александар успеал да ги принуди на покорност или да ги придобие. Кога ја зацврстил својата власт и ги извршил неопходните подготовки, две години по неговото доаѓање на власт, во [[334]] година п.н.е. ги започнал своите прочуени походи.
 
== =Поход на Персија ===
 
Првиот поход на Александар Македонски бил походот на [[Персија]] во 334 година. Тоа било време на заслабена персиска власт во големата држава и имало обиди за нејзино отфрлање од страна на покорените народи. Тоа му одело во прилог на походот на Александар, кој тргнал со импресивна воена сила од околу 30,000 [[Пешадија|пешадијци]], 5,000 [[Коњаница|коњаници]] и 160 [[брод]]ови. Тоа сепак била помалубројна војска од персиската, но многу добро обучена и организирана, со способен команден кадар.
Ред 11:
Истата година, персиската војска претрпела тежок пораз на реката [[Битка кај Граник|Граник]]. Наредната [[333]] година пред н.е., тој повторно се судрил со персискиот цар [[Дариј III]] кај градот [[Битка кај Ис|Ис]] во [[Мала Азија]]. Самиот Дариј успеал да се спаси со бегство, но било заробено целото негово семејство со огромното богатство.
 
== Походите=Поход кон Египет ==
 
Во Александровите походи на исток учествувала и [[Пајонија|пајонската]] лесна коњаница предводена од [[Аристон]]. Притоа, Александар и неговата војска насекаде биле пречекувани како ослободители од страна на покорените народи под персиска власт. По завземањето на градот [[Опсада на Тир|Тир]] (или Сидон) во [[332]] година п.н.е. и [[Газа]], бил отворен патот кон [[Египет]]. Притоа, градовите во [[Феникија]], [[Палестина]] и Египет без борба ги отварале своите врати и го прогласувале Александар за свој владетел. Како вешт политичар, во Египет тој го посетил [[храм]]от на богот на [[Сонце]]то [[Амон Ра]], ги придобил свештениците угнетувани од персиската власт, па тие го прогласиле за син на нивниот врховен бог и [[фараон]].
Ред 17:
Неговиот војсководач [[Парменион]] му предлагал на Александар да ги прекрати натамошните воени походи, но тој бил цврсто решен конечно да ја уништи големата персиска држава. На патот кон [[Вавилон]], кај [[Битка кај Гавгамела|Гавгамела]] во [[331]] година п.н.е. дошло до нова, уште покрвава битка со персиската војска, при што повторно ја разбил петпати побројната персиска војска. Персискиот цар се обидел да се спаси со бегство, но бил убиен.
 
===ПоходотПоход на Индија===
[[Image:AlexanderConquestsInIndia.jpg|thumb|250px|Воена кампања и движење на Александар во неговиот поход на Индија.]]
После смрта на [[Спитамена]] и бракот со [[Роксана]] (Рошанак на Бактриски), Александар ги зацврстува своите нови позиции во Централна Азија. Во 326 г.п.н.е. Александар конечно е подготвен да се посвети на освојувањето на Индија. Александар ги повикува сите водачи на племињата од [[Гандара]], територија на север од денешен [[Пакистан]], да му се покорат и да тргнат со него. [[Амби]], владетелот на [[Таџила]], чие кралство се простирало од [[Индус]] до [[Џелум]], така и направил. Но водачите на некои кланови, како например [[Асапсиос]] и [[Асакеноис]], познати во Индиските текстови како [[Ашвајани]] и [[Ашвакајани]] (имињата асоцираат на природата на нивните заедници, во Санскритскиот јазик Ашва значи коњ), одбиле да се покорат.