Лошо образование: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Промена на шаблон: Infobox Film
с Бот менува: кратка приказна -> расказ, кратката приказна -> расказот
Ред 25:
 
== Резиме ==
(Треба да се напомене дека ова резиме е напишано по хронолошки редослед, додека во филмот некои елементи се присутни преку флешбекови и сцени од филмот на Енрике базиран на кратката приказнарасказот на Игнасио, во која братот на Игнасио, Хуан, е портрет на Игнасио од 80-тите)
 
Двајца училишни другари, Игнасио и Енрике, ги откриваат љубовта, киното и стравот во религиозен интернат во почетокот на 1960-те. Отецот Маноло, директорот на училиштето и нивен наставник по литература, е сведок и дел од овие откритија. Откако ја открива симпатијата меѓу двете момчиња, отецот, кој и самиот е вљубен во Игнасио, е љубоморен и се заканува дека ќе го избрка Енрике поради „лошо влијание“. За да го спречи ова, Игнасио ветува дека ќе стори сѐ што отецот бара од него. Но отецот го измамува и сепак го брка Енрике.
 
Филмот прави скок во 1980-те, кога момчињата се веќе повозрасни. Енрике ([[Феле Мартинес]]) успешен филмски режисер, на ѕидот на чие студио стои постер од филм наречен ''Бабата дух'' ({{lang-es|La abuela fantasma}}) (овој наслов е првобитниот наслов на следниот филм на Алмодовар, ''[[Враќање]]''), добива посета од странец ([[Гаел Гарсија Бернал]]) – актер кој бара работа и кој тврди дека е Игнасио, симпатијата од интернатот. Игнасио со себе донел кратка приказнарасказ која ги раскажува нивните случки во интернатот и физичката и сексуална злоуботреба на отецот Маноло (Даниел Хименес Качо).
 
Енрике сака да направи филм од оваа приказна, но Игнасио вели дека тоа ќе го дозволи под услов тој да ја игра улогата на Захара, транссексуалец. Енрике е скептичен бидејќи човекот што е пред него не е ист како оној што порано го сакал. Тој решава да оди во [[Галисија]] кај мајката на Игнасио, и таму дознава дека вистинскиот Игнасио е мртов веќе четири години, а човекот кој дошол кај него е помладиот брат на Игнасио – Хуан.