Сметачко памтење: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: Референци -> Наводи, таг -> ознака
с Бот менува: датотека -> податотека
Ред 74:
Другата мотивација е да им се овозможи на корисничките програми да зафаќаат повеќе меморија отколку што навистина има главната меморија. Порано програмерите ја одредувале поделбата на програмата на делови кои што во текот на извршувањето на програмата се сместувале во главната меморија и се обновувале во секундарната под контрола на корисничката програма. Поради тоа програмирањето претставува голем проблем. Виртуелната меморија, пак од друга страна, автоматски управува со дво нивовска хиерархија преставена со главната меморија и секундарната меморија.
За секоја програма се дефинира адресен простор односно одреден број на мемориски локации резервирани за таа програма. Со тоа се врши заштита на програмите една од друга и на оперативен систем од програмите. Виртуелната меморија го овозможува пренесувањето на адресниот простор за секоја програма. Концептот на работа на виртуелната меморија и на кеш меморијата е ист, но се користат различни термини. Така блок во виртуелната меморија се нарекува страница, а активноста што доведува до непогодување генерира грешка на страницата.
Процесорот создава виртуелна адреса која со помош на хардверот и софтверот се преведува во физичка адреса во главната меморија. Виртуелната меморија исто така го поедноставува начинот на кој се записуваат програмите во меморијата, бедејќи врши релокација. Тоа значи дека мемориските страници се сместуваат на различни места во меморијата, т.е за да се смести една програма или една датотекаподатотека не е потребно да се бара континуиран слободен дел од меморијата туку се бараат празни односно непополнети мемориски страници во физичката меморија. За оваа активност порано бил потребен додатен хардвер или специјална подршка на оперативниот систем која што виртуелната меморија ја спроведува.
 
=== '''Табела на страници''' ===