Историја на Европската Унија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: на сила -> насила, интернационални -> меѓународни
с Бот менува: сé -> сè
Ред 6:
== Етапа 1: Од крајот на Втората светска војна до ЕЗЈЧ ==
 
Втората светска војна покажа, многу повеќе од сите други претходни настани, во колкава мера неограничениот национализам им се заканува на мирољубивите односи меѓу државите и какви сéсè огромни последици се поврзуваат со тоа во ерата на оружјето за масовно уништување. Во втората половина на 40-тите и првата половина на 50-тите години, токму поради овие причини на меѓународно ниво дојде до основање на цела низа организации, коишто требаа да се грижат за делумно уредување на соживотот, како на политичко, така и на економско поле. Пред сéсè треба да се споменат: Обединетите нации (Октомври 1945), Меѓународниот монетарен фонд (стапи насила во 1945 година)и GATT (General Agreement on Tariffs and Trade, стапи насила во јануари, 1948).
Катастрофата од Втората светска војна од разбирливи причини во Европа беше примена со уште поголемо ужаснување. Уште во почетокот на 40-тите години таму се развија мрежи помеѓу движењата на отпорот, во коишто се размислуваше за повоено европско уредување, што се базираше на соработка, наместо на конфронтација. Овие идеи и убедувања на „Европејците“ го најдоа својот одраз во мај 1948 година, на Првиот Хашки конгрес за европско единство, на кој учествуваа околу 750 делегати-членови на недржавни организации како на пример различни национални сојузи и наднационални организации. Соодветни импулси беа дадени и на ниво на влади и доведоа до основање на Советот на Европа, чијшто статут беше потпишан во мај 1949 година од страна на основачите - кога со основањето на Советот на Европа настана првата европска организација, се навршуваа точно 4 години од завршувањето на војната.
Ред 26:
== Од ЕЗЈЧ до основањето на Европската економска заедница ==
 
Втората етапа го опфаќа периодот од стапувањето насила на ЕЗЈЧ-договорот па сéсè до основањето на Европската економска заедница (ЕЕЗ). Откако во 1954 година пропаднаа амбициозните планови за една Европска одбранбена заедница - а со тоа и за една Европска политичка заедница - значи за една наднационална соработка во високополитичка и сензибилна област, се постави прашањето „што сега“? Во оваа ситуација, владите од земјите на Бенелукс приложија предлози за понатамошни чекори за интеграција, коишто беа сконцентрирани на економската област.
 
Кон средината на 1955 година, на една конференција во Месина, предлозите на земјите на Бенелукс беа многу позитивно примени од страна на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕЗЈЧ. Беше поставена комисија од претставници на влади под претседателство на белгискиот министер за надворешни работи Пол-Хенри Спаак, којашто требаше да изработи извештај, а на преговорите ја покани и Велика Британија, но таа се повлече во ноември 1955 година, не гледајќи можности за реализација на нејзините претстави за слободна трговска зона.
Ред 40:
== Етапа 3: Од ЕЕЗ до Единствените европски акти (ЕЕА) ==
 
Третата етапа од историјата на ЕУ се занимава со временскиот период од стапувањето во сила на Римските договори во 1958, па сéсè до првата опширна ревизија на договорите, таканаречените Единствени европски акти (ЕЕА) во 1987 година. Овде се значајни 4 аспекти, кои ќе ги опишам со кратки зборови: а) Развитокот на Уставот; б) Развитокот на материјалната соработка; в)Развитокот на бројната состојба на членките на Заедницата, и на крајот г)Новините што беа поврзани со ЕЕА.
За развитокот на Уставот треба најпрвин да се споменат неколку важни промени на Договорот, што се однесуваа на конкретни ограничени области.
Ред 60:
* Вклучување на националните судови во правните одлуки на ЕЗ, со една многу мудра стратегија, при што беа охрабрени да го повикуваат ЕвВС за нејаснотии и прашања од правото на ЕЗ.
 
На овој начин од страна на ЕВС - може да се каже тајно, мирно и тивко - беше создаден правен ред, кој им беше сличен на некои национални системи и излегуваше од рамките на сéсè што дотогаш беше познато во областа на меѓудржавните односи. Ова беше едно, ако не и единствено обележје на неповторливоста на ЕЕЗ.
 
Развитокот на материјалната соработка опфаќаше спроведување на целите одредени во Договорот. Тука би можеле да се споменат најмалку две клучни области,
Ред 70:
Независно од тоа, исто така интензивно беа вклучувани нови полиња во соработката, затоа што се покажуваа сфери на допирање односно преклопување во договорно утврдената состојба. Примери за тоа се:
 
* Меѓудржавната спогодба за надворешно-политички прашања, која беше донесена во 1969 година на Хашката конференција на врвот и која понатаму сéсè повеќе се прошируваше, таканаречената Европска политичка соработка (ЕПС), со којашто не за последен пат се водеше сметка за врските меѓу заедничката наднационална политика за надворешна трговија и традиционалната надворешна политика, останата во надлежност на државите членки, или
* Соработката во политиката за животна околина, започнувајќи со еколошката програма за акција од 1973 година. Во почетокот оваа одлука служеше исклучиво за да ги спречи националните политички еколошки мерки да ја оневозможуваат трговијата внатре во Заедницата; поради отпорот на неколку држави членки, не можеше ни да се помисли на независна еколошка политика на ЕЗ.
 
Ред 84:
* Во областа на материјалната политика беа ставени нови акценти. Така на пример, несомнено е дека основањето на Европскиот фонд за регионален развој (ЕФРР) во 1975 година или, пак, постојаното разгранување на регионалната политика треба да се поврзе со приклучувањето на структурно слаби земји како Грција или Португалија.
 
А, сега кон крајот на нашата етапа, првата голема ревизија на договорот со ЕЕА. Јас накратко бев спомнал, дека со примањето на нови членки, посебно со земјите многу критични за ЕЗ - Данска и пред сéсè Велика Британија, започна голема неспособност во донесувањето одлуки. На почетокот на 80-тите години настапи еден видно поизразен процес на менување на мислењето. За тоа беше одговорно спознанието дека Европа економски и технолошки видно заостануваше зад САД и Јапонија. Од тие причини се посегна по цела низа иницијативи што имаа за цел да ја направат Заедницата повторно способна за делување. Тие се влеваа:
 
* Како прво, во таканаречената програма за внатрешниот пазар, со која требаше до крајот на 1992 да се одстранат сите преостанати пречки во трговијата меѓу државите-членки, пред сéсè нетарифните пречки во трговијата, со цел да се создаде еден вистински заеднички пазар, и
* Второ, во одлуката на Европскиот совет од 1985, да се свика конференција на влади за промена на Римските договори според член 235 од ЕЕЗ-договорот, коишто на крајот двете, заедно со многу други промени, по долги преговори и силен отпор, посебно од страната на Велика Британија, го најдоа својот пораз во ЕЕА.
 
Ред 98:
== Од ЕЕА до основањето на Европската унија ==
 
Четвртата етапа од историјата на ЕУ го опфаќа периодот од Единствените вропски акти (ЕЕА), средина на 1987 година, па сéсè до стапувањето насила на Договорот за Европската унија кон крајот на 1993 година. Најзабележливо е најпрво, тоа што од една основна ревизија на Договорот до друга, изминаа само 5 години, значи само четвртина од времето меѓу Римските договори и ЕЕА! Оттаму, се разбира, најпрвин се поставува прашањето, што е причината за тоа. Овде треба да се набројат повеќе фактори, при што се разликуваат интерни и екстерни детерминанти.
 
Интерните фактори на влијание во прва линија зависат од очигледната сопствена динамика што ја доби процесот на интеграција преку проектот за внатрешниот пазар и ЕЕА. Така, внатрешниот пазар имаше далекусежни допирни точки, меѓу другото, со монетарната политика, имигрантската и азилантската политика, со борбата против меѓународниот криминал и со социјалната политика, под името "социјален дампинг". Овие сфери на допирање правеа на многу актери заедничката политика во наброените области да им изгледа неотповиклива. Освен тоа, енормно пораснатото заедничко имотно право од ЕЕА сéсè поболно го враќаше во сеќавање "демократскиот дефицит" на ЕУ, и на неколку држави-членки, германското повторно обединување, поцврсто врзување на Германија, која стана поголема и поспособна за делување, им изгледаше препорачливо.
 
Што се однесува до надворешните предизвици, кои најавуваа продлабочување на интеграцијата наскоро по ЕЕА што не исклучува и повторна ревизија на Договорот, можам да се задржам на неколку клучни моменти:
Ред 149:
Се разбира дека во рамките на еден меѓубиланс не е возможно да се изложат систематично и заклучно одлучувачките фактори за процесот на интеграција. Сепак при нашата прошетка низ речиси 4 децении од историјата на ЕЗ, односно ЕУ, имаше препознатливи фактори, кои можат да придонесат кон тоа да се одговорат некои од претходно поставените клучни прашања. Дозволете ми преку два такви примери да упатам во тоа.
 
Ние се прашувавме, зошто дојде до тоа енормно проширување на соработката во сéсè повеќе области. А, овде изгледа дека важна улога играл фактот дека соработката на едно политичко поле, создавала функционални принуди, во таа соработка да се вклучуваат и други политички полиња. Овој феномен, во истражувањето на интеграцијата често нарекуван spill-over, посебно дојде до израз во програмата за внатрешниот пазар, што доведе до масивни последици по монетарната политика или во соработката во областите „правда и внатрешни работи“. Меѓу другото, исто така аргументираше и Комисијата и можеше да ги убеди државите-членки да се изведе на пат амбициозниот проект за една монетарна унија.
 
Вториот пример го претставува прашањето за сопственото ефективно делување на очигледно штетната коегзистенција на наднационалните и интерговернменталните елементи на пример во надворешните односи, каде што надворешната трговска политика лежи во компетенциите на Заедницата, значи организирана е наднационално, наспроти што традиционалната надворешна и безбедносна политика се одвива во рамките на интерговернменталниот втор столб. Дали е возможно овде да биде од значење фактор што секогаш повторно го среќаваме, посебно во контекст на преговорите за менување на Договорот - имено, различните претстави на државите-членки во поглед на обликувањето на соработката - помислете на земји како Велика Британија или Данска, од една, Италија и Германија од друга страна, и тоа во различни политички полиња и поединечни прашања? Имено, тогаш би можело да се реагира на функционални принуди, за коишто веќе зборувавме, и со текот на времето неизбежно да се покаже една разнолика мостра од форми на кооперација и начини на одлучување, како што утврдивме за новоформираната Европска унија по Договорот од Мастрихт. А некои факти зборуваат за тоа дека во овој процес, всушност би можело да стане збор за една карактеристична мостра на развивање на процесот на интеграција.