Отомански интеррегнум: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 30:
 
== Муса и Мехмед ==
Претенденти за османлискиот престол останале Муса, во румелија, кој се потпирал на ситните феудалци и нискиот воен кадар и Мехмед, во Анадолија, кој се потпирал на крупните феудалци. Многу брзо помеѓу нив дошло до воен судир. Дел од покрупните феудалци кои биле на страната на Муса, заплашени од своите лични интереси и имоти, го напиштиле на Муса и преминале на страната на Мехмед. Пртив Муса се побуниле и српските феудалци кои биле турски вазали, определувајќи се речиси сите за Мехмед. Тогаш, везирот на ?Муса, Ќор Шах Мелек побегнал во престолнината, а византискиот император Манојло II Палеолог (1391-1425), кој исто така го подржувал на Мехмед, го вратил пак во Бурса кај Мехмед. Подоцна Муса испратил повик до Византија да му плаќа данок преку својот посланик Ибрахим Паша. Сепак планот на Муса не се остварил бидејќи и Ибрахим Паша слободно бил упатен во Бурса. Бидејќи Муса го држел Галиполе, византискиот император му дал воена помош на Мехмед за преминување во румелија.
 
Првиот воен судир помеѓу двете страни се случил кон крајот на 1441 година. Муса, заедно со своите сили на двапати интервенирал во Солунско и во Тесалија. во 1412 година тој успеал да го зароби принцот Орхан, а неговите сили да ги разбие. По ова дошло и до други судири. Во јули 1412 година дошло до борба во битката кај Инџегиз. главно поради предавство на крупнбегови, еден дек ид војската на Муса се разбегала. Меѓутоа, околу 7.000 јаничари останале со Муса и успеале да го опколат на Мехмед, кој ранет одвај успеал да побегне.
 
По овој пораз, Мехмед се вратил во Анадолија, за да се подготви за нова војна. По кратко време дошло до нова борба помеѓу браќата, и тоа во близина на Константинопол. Во таа битка, Мехмед повторно бил поразен. Согледувајќи дека сам нема сили да победи, Мехмед создал унија со византискиот император, со српските деспоти Стефан Лазаревиќ и Ѓураѓ Бранковиќ, унгарскиот феудалец Моровиќ, босанскиот феудалец Сандаљ Храниќ, а во исто време се поврзал и со беговите од Румелија и Македонија Паша Јѕргит, Бурак-бег, Синанбег и Евренос бег. Така, силите на Мехмед во пролетта 1413 година навлегле во Румелија. По ова следувало напаѓање на силите на Муса.
 
Можеби најголема улога во воениот конфликт помеѓу Мехмед и Муса одиграл Евренос-бег. Тој му дал совет на Мехмед да навлезе длабоко на територијата на румелија, дури да престигне и до Србија каде од таму би добил помош од беговите. кога Муса видел дека неговиот брат одбегнува да прифати борба и дека се упатил кон Овче Поле, тој ја сфатил намерата. Муса на Овче Поле расположил доста од својата војска. Крајна цел на Муса била неговиот брат да нема можност да престигне во Скопје, каде се наоѓал скопскиот намесник Јигит паша. Сепак, Мехмед го заобиколил Овче Поле и престигнал во Врање и Прешево, каде се сретнал со Лазаревиќ и успеал да дојде во контакт со останатите големци од овој регион. На овие простори биле собрани голем број на војници кои во состав биле освен приврзаници на Мехмед и српски деспоти, унгарски феудалци. Така оваа сојузничка војска заедно се упатила кон Овче Поле. Кога сојузничките сили престигнале на Овче Поле заклучиле дека силите на Муса се повлекле кон исток. По ова, Мехмед многу мудро, започнал да создава воени кампови по империјата. Тој се упатил најпрвин по долината на река Струма, а подоцна и кон денешна Софија и Самоков. Во меѓувреме силите на Муса го следеле движењето на Мехмед. Во еден момент во таборот на Муса се открило дека беговите тамаџи-оглу и Савџи-оглу работат за Мехмед, па поради тоа тие биле погубени. По овој настан, голем број од приврзаниците на Муса започнале да го напуштат и да преминуваат на страна на Мехмеде. <ref>Hammer, Historie de Lempire ottoman...I, 156</ref>
 
== Смртта на Муса ==