Александар II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: af:Alexander II van Masedonië
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
'''Александар II Македонски''' бил крал на [[Античка Македонија|Македонија]] од [[369 п.н.е.|369]] до [[368 п.н.е.|368]] п.н.е, по смртта на неговиот татко [[Аминта II]]. Тој бил најстар од неговите три сина.
 
Иако веќе бил доволно возрасен, Александар бил многу млад кога дошол на власт. Ова било многу проблематично за него бидејќи неговите непријатели продолжиле да војуваат со Македонија. Александар едновремено бил соочен со [[Илирија|илирска]] инвазија од северозапад и напад од истокот од страна на претендентот Павзаниј. Павзаниј набргу зазел неколку града и се заканил на кралицата-мајка, која била во палатата во [[Пела]] со нејзините млади синови. Александар ги победил непријателите со помошта на [[Атина|атинскиот]] генерал Ификрат, кој пловел по македонскиот брег за да го освои [[Амфиполис]].
 
На барање на Алевдај, Александар интервенирал во граѓанската војна во [[Тесалија]]. Потоа успешно зазел контрола врз [[Лариса]] и неколку други градови но, изневерувајќи го ветувањето кое го дал, ставил гарнизони. Ова ја испровоцирало [[Теба]] која била водечката бојна сила во [[Стара Грција]] во тоа време. Тебанскиот генерал [[Пелопид]] ги истерал македонците од Тесалија. Потоа го неутрализирал Александар со тоа што ги заштитувал амбициите на Александровиот зет Птоломеј од Алорос, и го натерал Александар да го напушти неговиот сојуз со Атина и да се сојузи со Теба. Како дел од овој нов сојуз, Александар морал да ги предаде заложниците, вклучувајќи го и неговиот помал брат [[Филип II Македонски|Филип]].
 
За време на еден фестивал врз Александар бил извршен атентат по наредба на Птоломеј. Иако братот на Александар [[Пердика III]] станал крал, тој бил под старосната граница, и Птоломеј бил поставен за регент.