Глобализација: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: oc:Globalizacion
с Бот менува: интернационален -> меѓународен, интернационалниот -> меѓународниот, интернационалната -> меѓународната, интернационални -> ме
Ред 10:
• '''Формирање на едно [[глобално село]]''' — поблизок контакт помеѓу различните делови на светот со растечки можности за лична размена, меѓусебно разбирање и пријателство помеѓу „светските граѓани“ и креирање на глобална цивилизација. [[Светска Банка|Светската банка]] ја дефинира глобализацијата како „слобода на индивидуите и компаниите да иницираат доброволни економски трансакции со државјани на други држави“.
 
• '''Економска глобализација''' — слободна трговија и растечки односи помеѓу членовите на една [[индустрија]] во различни делови на светот (глобализација на индустријата) со кореспондирачка ерозија на националниот [[суверенитет]] во економската сфера. Меѓународниот Монетарен Фонд ([[ММФ]]) ја дефинира глобализацијата како „растечка економска меѓузависност на држави ширум светот преку зголемен број и начини на прекугранична транскација на стоки и служби, послободен интернационаленмеѓународен економски проток и побрза и поширока дифузија на технологијата“ - (од ММФ, Поглед на светската економија, мај [[1997]]).
 
• '''Негативните ефекти на т.н. „за профит” [[Мултинационална корпорација|мултинационални корпорации]]''' — употребата на супстанцијални, легални и финансиски средства за да се заобиколат локалните закони и стандарди со цел да се контролира трудот и услугите на нееднакво развиените региони меѓу себе.
Ред 26:
Поимот „либерализација” стана збор кој ја означува комбинацијата на капиталистичката [[економска теорија]] и отстранувањето на трговските бариери. Ова доведе до зголемена [[специјализација]] на нациите за [[Извоз|извезување]] на стоки, и притисоци да се отстранат протективните царински давачки и други трговски бариери. Периодот на [[Златен стандард|златниот стандард]] и либерализацијата во [[19 век]] често се нарекува „[[Прва ера на глобализацијата]]”. Според многумина како што растела индустријализацијата, така се повеќе се развивала „Првата ера на глобализацијата”. Златниот стандард се појавил во неколку земји помеѓу [[1850]] и [[1880]], меѓутоа која земја кога се наоѓала во вистински златен стандард е прашање за дебата. „Првата ера на глобализацијата” се смета дека се распаднала во повеќе стадиуми започнувајќи со [[Прва светска војна|Првата светска војна]], а колабирала целосно со кризата на златниот стандард од доцните [[20ти]] и раните [[30ти]] години.
 
Глобализацијата во ерата по Втората светска војна е управувана од многу рунди на преговори за светската трговија, примарно под правилата на [[Генерален Договор за Трговија и Царини|Општиот договор за трговија и тарифи]], која доведе до серија на договори за отстранување на рестрикциите на „слободната трговија”. Најважна рунда на преговори е [[Уругвајска рунда|Уругвајската]], која доведе до формирањето на [[Светска Трговска Организација|Светската трговска организација]] (СТО) со цел да посредува при евентуални интернационалнимеѓународни спорови. Други билатерални трговски спогодби се [[Договорот од Мастрихт]] и [[Северно Американската спогодба за слободна трговија]] кои се потпишани со цел да се намалат [[Царина|царините]] и бариерите во трговијата.
 
== Знаци на глобализацијата ==
Ред 32:
Глобализацијата се повеќе се идентификува со број на трендови, од кој најголемиот број се развиле по Втората светска војна. Овие трендови вклучуваат поголемо меѓународно движење на стоки, пари, информации и луѓе и развојот на технологијата, организациите, легалните системи и на инфраструктурите потребни за сето тоа движење: (Постоењето на некои од овие трендови е дискутабилно)
 
• Пораст на интернационалнатамеѓународната трговија со поголемо темпо отколку порастот на светската економија.
 
• Пораст во интернационалниотмеѓународниот проток на капитал вклучувајќи и странски директни инвестиции.
 
• Поголем прекуграничен проток на податоци, преку користење на технологии како [[Интернет]], комуникациски сателити и телефони.
Ред 62:
• Пораст во бројот на меѓународни стандарди кои се глобално прифатени: на пример - [[авторски права]].
 
Бариерите на интернационалнатамеѓународната трговија се значително намалени по Втората светска војна преку спогодби како глобалниот договор за трговија и тарифи. Еве некои посебни иницијативи како резултат на потпишаниот Општ Договор за Трговија и Царини (ГАТТ) и на СТО, за кои ГАТТ е основа:
 
• Промоција на слободната трговија: