Правилник за четите на ТМОРО: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 2:
'''Правилникот за четите на ТМОРО''' е регулативен акт на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] со него биле точно определени местото и улогата на четите во македонското националноослободително движење.
 
== Создавање ==
 
Правилникот бил изработен од страна на [[Гоце Делчев]] и [[Ѓорче Петров]] во 1900 година<ref>{{цитирана книга|first=Д|last=Димески|title=<small>''Македонското нацинално движење во Битолскиот вилает 1893 - 1903''</small>}}</ref>, и тоа врз членот 11 од [[Уставот на ТМОРО]] и окружното на ''ЦК'' од октомври 1898 година. Според [[Борис Сарафов]], правилникот бил изработен од [[Ѓорче Петров]] и капетанот [[Димитар Венедиков]]. Правилникот бил хектографиран и верификуван од страна на [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]]. За време на [[Солунска афера|Солунската провала од 1901 година]], правилникот се нашол во рацете на турските власти, и од тука најверојатно потекнуваат бројните негови варијанти, односно слободни толкувања кој се нашле меѓу солунските конзули.
 
== Состав ==
 
Правилникот се состоел од 47 члена, поделени во 5 глави. ''I глава'' не била нумерирана и на свој начин преставувала преамбула. Во ''II глава'' се регулирани а) агитацијата, б) организацијата, в) извршените задачи г) крајните задачи на четата. ''III глава'' се однесува на општите правила за четата. Во ''IV глава'' се утвредени односите помеѓу комитетот и четата. ''V глава'' ги регулира составот и внатрешниот ред на четите.