Анаксимандар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Бот: козметички промени
Ред 5:
Анаксимандар се смета за ученик на Талес. Прв составил [[географска карта]] и карта на небото, конструирал [[часовник]]. Според него земјата е [[цилиндар]] кој е висок како третина од својата ширина и лебди во центарот на [[вселена]]та. Според него околу земјата се движат [[ѕвезди]]те, [[планета|планетите]], [[сонце]]то и [[месечина]]та. Сметал дека човекот потекнувал од риба. Тој сметал дека праосновата на светот е [[апејрон]]от, што на грчки значи она бесконечното, неопределеното и безграничното. Имено, апејронот содржи два пара спротивности; топло и студено, суво и влажно. Анаксимандар сметал дека кога ќе се спои топлото со сувото настанува огнот, топлото и влажното даваат воздух, студеното и влажното раѓа вода, а студеното и сувото - земја. Од своја страна, овие четири изведени елементи служат како материјал од којшто се создава сѐ; што постои и може да постои. Анаксимандар сметал дека она од што настануваат стварите - во тоа според нужноста настанува и нивната пропаст, зашто тие една од друга трпат казна поради својата несправедливост според редот на времето.
 
== Референци ==
* Учебник по филозофија за четврта година по гимназиско образование.
 
== Надворешни врски ==