Османлиска инвазија на Отранто: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
Според христијанската историографија, во локалната катедрала биле убиени свештениците. На 12 август, 800 жители кои одбиле да го прифатат исламот биле однесени на ридот Миневра и биле обезглавени. голем дел од остатоците од овие жртви денеска се чуваат во Катедрала Санта Катерина а Формиело. Овој чин бил остро осуден од страна на Европа. Сепак, турската страна го негира големиот број на егзекуциии. Бројот на коските според османлиските извори се должел на убиените христијани во текот на битките помеѓу двете страни. И двете страни се согласни дека голем број од локалното население било депортирано во Албанија како робови.
 
Настанот се случил по само 28 години откако паднал Константинопол. Во Западна европа започнало да се размислува околу можниот контранапад врз Османлиите, бидејќи се стравувало главно дека иста судбина може да му се случи и на градот Рим. Така, првичниот план бил направен да папата и локалното население да се евакуира во градот. Папа Сикст IV повикал кон крстоносна војна. Неколку град-државаи од Италија, Унгарија и Франција одговориле позитивно на тоа. Сепак, предлогот на папата бил одбиен од страна на венецијанска република|Венецијанската република, главно поради мировниот договор што претходно републиката го имала потпишано со Османлиската империја.
 
Во 1481 година, војската била предводена од страна на кралот Алфонсо II од Неапол.