Битка кај Наварино: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Поморската битка кај Наварино''' се одвила на [[20 октомври]] [[1827]], за време на [[Грчка војна за независност|Грчката војна за независност]] ([[1821]]-[[1832]]) во [[Наварино]] (денешен [[Пилос]]), на западниот брег од полуостровот [[Пелопонез]], во [[Јонско Море|Јонското Море]]. Од една страна биле комбинираната [[Османлиска империја|османлиска]] и [[Египет|египетска]] армија и силите на [[Велика Британија]], [[Франција]] и [[Русија]]. Битката е позната по тоа што таа била една од последните поморски големи битки од историјата. Поголемата спремност и посовремените бродови придонеле за голема победа на европските сојузници.
 
Главен фактор кој предизвикал интервенција односно вклучување во војната на трите европски сили биле амбициите на [[Руска империја|Руската империја]] своите територии да ги прошири кон регионот на [[Црно Море]] на сметка на Османлиската империја. Од друга страна пак, овие амбиции на Русија, геостратешки, претставувале закана за другите европски сили. [[Велика Британија]] била насочена главно кон спречување на руската интервенција и проширување на нејзиното влијание во регионот. Во [[1825]] година, на рускиот престол застанал [[Николај I]], кој поради меѓународната положба на европските сили решил да го засили влијанието на Русија на [[балкански полуостров|Балканите]]. [[Франција]] пак во војната се приклучила со цел да ја врати својата доминантна улога во [[Европа]], по поразот во т.н. [[Наполеонски војни]]. И трите влади, во секој случај, биле под голем притисок и од страна на локалното мислење на нивните жители, особено по инвазијата на [[Пелопонез]] во [[1825]] година од страна на османлискиот вазал [[Ибрахим Паша од Египет]] и неговите злосторства употребени кон локалното грчко или христијанско население.
 
Пред да започне војната, трите европски сили се согласиле да потпишат договор. Така истиот бил потпишан во Лондон (Лондонски договор (1827)|Лондонски договор) во 1827 година, според кој на Грција требало да и биде дадено автономија, на чие чело повторно би стоел османлискиот султан. Истото не било прифатено од страна на Османлиите, кое пак резултирало со започнувањето на битката кај Наварино.