Меѓународен монетарен фонд: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Промена на шаблон: Infobox central bank
с Бот Додава: yo:Àjọ Ètò Owó Káríayé; козметички промени
Ред 22:
ММФ се опишува себеси како „Организација на 185 држави, кои работат на глобална финансиска кооперација, сигурна финансиска стабилност, олеснување на меѓународната трговија, промоција на вработувањето и на економскиот раст, и намалување на [[Корупција|корупцијата]]“. Од сите членки на [[ОН]] само [[Северна Кореја]], [[Куба]], [[Лихтенштајн]], [[Андора]], [[Монако]], [[Тувалу]] и [[Науру]] не се интегрирани или пак застапени преку други членки, односно имаат одлучено да не партиципираат. ММФ заедно со Меѓународната банка за обнова и развој (Бретонвудски блиазнаци) делуваат заедно, со цел воспоставување стабилен систем на меѓународни односи.
 
ММФ има три цели: унапредување на меѓународната монетарна соработка и стабилност на меѓународните монетарни односи со цел спречување на [[девалвација|девалвациите]] на националните валути и помош во создавањето на мултилатерален систем на плаќање во однос на монетарните трансакции меѓу земјите-членки и отстранување на девизните ограничувања кои се пречка за светската трговија. Фондот е посебно правно лице, со право да склучува договори и да располага со движен и недвижен имот.
 
== Историја и организација ==
Ред 31:
За време на [[Втората Светска Војна]] доаѓа до затворање, водечките сојузнички држави разгледуваа различни планови да ги вратат во ред мегународните монетарни врски и тоа го сторија на Бретенвудската конвенција каде бесе формиран Меѓународниот монетарен фонд. Основачките земји членки изгласаа нацрт повелба за една мегународна институција да го набљудува меѓународниот монетарен систем и да елиминира девизни рестрикции поврзувајќи се со трговијата на добра и услуги, за стабилноста на девизните курсеви.
 
Меѓународниот монетарен фонд доаѓа во живот на [[27 декември]] [[1945]] година кога првите 29 земји потпишаа договор за спогодба. Статутарните одредби на Меѓународниот монетарен фонд денес се истите оние кои биле формулирани во 1945 година. Договорот во Бретон Вудс, исто така, повикувал на систем на фиксни [[девизен курс|девизни курсеви]] кои би биле уредени од страна на ММФ. Според овој договор, сите земји требаше да ја фиксираат вредноста на својата валута со златото, но од нив не се бараше да ги заменуваат своите валути за злато. Друг аспект на Бретонвудскиот договор беше преданоста, девалвацијата да не се користи како оружје за конкурентна трговска политика. Меѓутоа, ако една валута стане премногу слаба за да се брани, би била дозволена девалвација до 10%, без некакво формално одобрение од страна на ММФ. За поголеми девалвации беше потребно одобрение од ММФ.
 
=== Развивање и проширување ===
По завршувањето на Втората Светска војна заклучно со 1970, капиталистичкиот свет доживеа нечуен развиток и пораст на примањата. Во капиталистичкиот систем бенефиктите на пораст не беа распоредени еднакво за сите нации но севкупно тоа беше еден пораст на просперитетот, контрастот на тоа директно бесе поврзан со учеството на капиталистичките земји за време на воениот период.
Во декадите пред Втората светска војна раздвоеноста означувала просперитет, светската економија и монетарниот систем биле сведени на билатерално ниво по Втората Светска војна се увидело дека преку единствен меѓународниот монетарен фонд се доаѓа до брз развој на државите. Брзиот развој на технологиите и комуникациите придонесоа за растот на меѓународните интегративни пазари и за затворање на застарените национални економии.
Влијанието на меѓународниот монетарен фонд во глобалната економија стабилно расте како и приклучува нови членови.
Ред 40:
Во 1995 година Меѓународниот монетарен фонд почна да работи со стандарди за проширување со водство на земјите членки на ММФ за проширување на нивните еконимски и финансиски податоци за јавноста.
Меѓународниот монетарен фонд и Финансискиот комитет (IMEC) потпишаа главните црти за стандардите за проширување и тие беа поделени во два дела и тоа: Главни податоци на системот за проширување и Специални податоци застандардите за проширувае.
Извршниот борд на ММФ ги одобри двата дела „Главни податоци на системот за проширување и Специални податоци застандардите за проширување“ во 1996 и 1997 година и подоцна.
 
== Работа ==
Ред 49:
Првиот вид е правото на влечење, што значи дека кога на некоја земја членка и требаат средства, со својата валута може да купи од фондот странска валута, и после одреден рок е обврзана својата валута да ја откупи од фондот по пазарна цена.
 
Вториот вид е рамковен кредит, а земјите членки го добиваат кога имаат проблем со платниот биланс. За да не ја девалвираат својата валута го користат овој вид кредит кој е со рок на отплата од три години.
 
Третиот вид потекнува од посебните права на влечење кои претставуваат дополнителни средства на плаќање во услови на многу сложени меѓународни односи и сложена меѓународна ликвидност.
ММФ беше подготвен да им даде на заем странски валути на членките, за да им помогне во текот на кратките периоди на дефицити во билансите на плаќања, кога брзото затегање на монетарната или фискалната политика би ја повредиле домашната вработеност. На земјите им беше дозволено да земаат на заем ограничени износи од Меѓународниот монетарен фонд без придржување кон некакви специфични договори. Меѓутоа, екстремни повлекувања од средствата на ММФ би барале земјата да се согласи на изразено строга супервизија од страна на ММФ, врз нејзините макроекономски политики. Големите заемопримачи од ММФ мора да се согласат на монетарни и фискални услови поставени од страна на ММФ, кои типично вклучуваат задолжителни таргети на ММФ кои се однесуваат на порастот на домашната понуда на пари, политиката на девизен курс, даночната политика, државните расходи и така натаму.
Системот на приспособливи паритети дозволуваше девалвација на валутата на земјата за повеќе од 10% доколку ММФ се согласи дека билансот на плаќања на земјата е во „фундаментална нерамнотежа”. Поимот „фундаментална нерамнотежа“ не беше дефиниран во членовите на договорот за ММФ, но намерата беше тој да се применува за земји кои страдаат од трајни негативни нарушувања на побарувачката за нивните производи.
 
Ред 60:
До 2000 година, Меѓународниот монетарен фонд имаше 183 членки, од кои во 75 земји ММФ имаше свои програми. Во 1997 година институцијата го имплеменитраше својот најголем пакет, одобрувајќи повеќе од 110 милијарди американски долари во вид на краткорочни заеми на три азиски земји кои беа во невола - Јужна Кореја, Индонезија и Тајланд. Активностите на ММФ се проширија поради тоа што периодични финансиски кризи продолжија да погодуваат многу економии во постбретонвудската ера, особено меѓу земјите во развој. ММФ во повеќе наврати им даваше на заем пари на нациите кои минуваа низ финансиска криза, барајќи за возврат владите да донесат одредени макроекономски политики.
До почетокот 1998 година, ММФ додели над 110 милијарди американски долари во вид на краткорочни заеми на три азиски земји: Јужна Кореја, Индонезија и Тајланд. Ова беше покрај пакетот од 20 милијарди американски долари што му го одобри ММФ на Мексико во 1995 и заемот од 10 милијарди американски долари на Русија. Сите овие пакети дојдоа во придружба на некои услови. Општо земено, ММФ инсистира на комбинација на цврсти макроекономски политики, вклучувајќи намалување на јавните расходи, повисоки каматни стапки и цврста монетрана политика. Од неодамна, овој збир препораки во врска со политиките е предмет на силни критики од многу западни набљудувачи.
Една од критиките е дека Меѓународниот монетарен фонд спрема макроекономската политика има пристап “една големина им одговара на сите”, кој не е соодветен за многу земји. Во неодамнешната азиска криза, критичарите тврдат дека цврстите макроекономски политики, наметнати од страна на ММФ, не се добро приспособени за земји кои не страдаат од прекумерно трошење на државата и инфлација, туку од должничка криза на приватниот сектор со дефлаторни призвуци.
ММФ ги одбива овие критики. Според ММФ, клучна задача е да се врати довербата во вонот. Штом се постигне ова, вонот ќе закрепне од своите нивоа на прекумерна продажба. Ова ќе ја смали големината на товарот на долгот на Јужна Кореја во доларска деноминација, изразен во вони, што ќе им олесни на компаниите да го сервисираат својот долг во доларска деноминација.
Втората критика упатена до Меѓународниот монетарен фонд е дека нејзините напори за спасување, всушност, претставуваат влошување на проблемот, што меѓу економистите е познато како морален хазард. Морален хазард се јавува кога луѓето се однесуваат безобѕирно, бидејќи знаат дека ќе бидат спасени ако се случи нешто лошо.
Последната критика упатена до Меѓународниот монетарен фонд е дека тој стана премногу моќен како за институција која нема вистински механизам за сносење одговорност.
До крајот на деведесеттите, ММФ беше вклучен во програми за кредитирање на 75 земји во развој, кои вкупно имаат 1,4 милијарди луѓе. ММФ ги одредуваше макроекономските политики во тие земји, иако, според критичарите, како што е Џефри Сакс, угледниот економист од Универзитетот Харвард, на ММФ со персонал кои брои помалку од 1.000 луѓе му недостасува потребната експертиза за да ја извршува добро таа задача. Решението на Сакс за овој проблем е ММФ да се реформира, така што да се ангажираат повеќе надворешни експерти и неговото работење да биде отворено за поголем надворешен надзор.
 
Меѓународниот монетарен фонд нема принудна власт над земјите членки, но може да одбие да им зајми пари на земјите членки кои не се согласуваат да ја прифатат неговата политика, а како крајно решение може да побара од земјите членки да се повлечат од организацијата. Критичарите на ММФ тврдат дека строгоста и мерките за приватизација што им ги налага на земјите должнички, го намалуваат економскиот раст, ги продлабочуваат и продолжуваат финансиските кризи и прават сериозни тешкотии за најсиромашните народи во светот.
Ред 72:
Меѓународниот монетарен фонд е една од највлијателните меѓународни институции во светот која единствено има право да врши контрола на финансиските и економските односки помеѓу земјите членки. Тој таа улога ја има преку помагањето на државите за стабилизирање на своите девизни курсеви преку давање на поволни кредити. За Меѓународниот монетарен фонд постојат поделени мислења. Првото сфаќање е про ММФ, а второто е контра, односно претставува критичко сфаќање.
 
Гледиштето за про ММФ е тоа дека меѓународниот монетарен фонд ги одржува светските економски и финансиски односи и им помага на државите во кризи, меѓутоа оние кои се критичари на ММФ кажуваат дека мегународниот монетарен фонд со давањето на кредити и казува на државата каде да ги троси истите тие кредити што придонесува за забавен раст на тие економии, исто така критичарите како лоса особина на ММФ ја искажуваат тоа што секоја држава членака на Меѓународниот монетарен фонд мора да има дежавни девизни резерви кои ке ги чува во некоја странска банка, со тоа се стопира на вложувањето на државата во својата економија.
 
== Референци ==
Ред 162:
[[war:Kanasodnon Pondo han Pananalapi]]
[[wuu:国际货币基金组织]]
[[yo:Àjọ Ètò Owó Káríayé]]
[[zh:國際貨幣基金組織]]
[[zh-min-nan:Kok-chè Hòe-pè Ki-kim]]