Човеколики мајмуни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 23:
†[[Pliopithecidae]]
}}
'''Човеколиките мајмуни, хоминоидите''' или '''антропоморфидите''' ({{lang-la|Hominoidea, Anthropomorphidae}}) се надфамилија на [[тесноносни мајмуни]] (''Catarrhini'') чија градба на телото е слична со онаа на [[човек]]от.
 
Според последните [[Антропологија|антрополошки]] податоци и општоприфатената теорија за потеклото на видовите, сите мајмуни од Стариот Свет (''Catarrhini'') се делат на две поголеми надфамилии: [[Кучелики мајмуни|кучелики]] и човеколики мајмуни. Многу [[Анатомија|анатомски]] одлики ги одделуваат првите од вторите. За човеколиките мајмуни е најкарактеристично многу покрупното тело, отсуството на опашка, присуството на образните торбички и седалните перничиња (тие постојат и кај [[гибон]]ите, но се помали). За човеколиките мајмуни е својствен принципиелно различен начин на движење по дрвја: наместо да трчаат по гранките со сите четири екстремитети, тие најчесто се движат на нив само со рацете, под гранките (се придржуваат за нив). Овој начин на движење е познат како [[брахијација]]. Приспособувањето на ваков начин на движење по гранки предизвикало низа анатомски промени: пофлексибилни и подолги раце, подвижен раменски зглоб, зарамнување на антериопостериорната оска на [[Граден кош|градната празнина]].