Осумдесетгодишна војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
 
Императорот [[Карло V]], кој бил роден во [[Гент]] и одраснал во [[Холандија]] уживал голема популарност во земјата. Во [[1556]] година тој абдицирал на сметка на својот син [[Филип II од Шпанија]]. Новиот император бил заколнет католик, и сакал да ја одржи својата вера во својата земја. Но, во исто време, во Холандија започнало да се шири [[Протестантство|Протестантството]], особено [[Калвинизам|Калвинизмот]].
 
Во 1596 година, во градот Антверпен пред катедралата се случил инцидент помеѓу калвинистите и католиците. Овој инцидент бил повод калвинистите да започнат со напади кон црквите и да ги уништуват статуите на католичките светци. нередите продолжиле неколку месеци, па затоа Филип од Шпанија испратил дел од својата армија за да го задуши бунтот и да воспостави ред. Можеби најголемата причина за војната била издадената пресуда од страна на Света престолнина|Светата престолнина на 16 февруари 1568 година, според која сите граѓани на Холандија со мал исклучок се осудуваат на смрт. По само неколку денови, тоа било потврдено и од страна на кралот Филип и наредил наредбата на Папата да биде исполнета. Оваа пресуда во исто време претставува и најголемата смрттна пресуда изречена некогаш во историјата. Таа опфаќала околу 3.000.000 жители на Холандија.