Човеколики мајмуни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 30:
 
Човеколиките мајмуни најпрво се појавиле во Стариот Свет при крајот на [[олигоцен]] (пред околу 30 милиони години). Меѓу нивните најпознати претци се [[проплиопитекус]]ите — примитивни гибоновидни мајмуни од тропските шуми на [[Ел Фаијум]] ([[Египет]]), кои дале почеток на развитокот на [[плиопитекус]]ите, гибоните и [[дриопитекус]]ите. Во [[миоцен]] дошло до остро зголемување на бројот и разнообразието на видовите на човеколики мајмуни. Тоа била епохата на расцут на дриопитекусите и други хоминиди, кои пред околу 20-16 милиони години се раселиле од [[Африка]] во [[Европа]] и [[Азија]]. Среде азиските хоминоиди биле и [[сивапитекус]]ите — претци на [[орангутан]]ите, чија линија се одделила пред околу 16-13 милиони години. Според податоците на [[Молекуларна биологија|молекуларната биологија]], одделувањето на [[шимпанза]]та и [[Горила|горилите]] од заедничкото стебло со човекот се случило пред околу 8-6 милиони години.
 
== Систематика ==
 
Традиционално се разликуваат три фамилии на човеколики мајмуни: гибони, понгиди (орангутани, горили и шимпанзи) и хоминиди (човекот и неговите претци). Меѓутоа, скорешните биохемиски истражувања укажуваат дека оваа поделба е необјаснива поради сродството меѓу човекот и понгидите е многу блиско. Поради тоа, фамилијата на понгидите денес е вклучена во фамилијата на хоминиди како подфамилија понгини, а некои автори во фамилијата на хоминиди уште и гибоните.
 
Современата систематика на човеколиките мајмуни е следна (зборот ,,род‘‘ не е укажан):
 
* Фамилија на гибоните или мали човеколики мајмуни (''Hylobatidae'')
** [[Обични гибони]], ''Hylobates'': 6 вида
** [[Хулоки]], ''Hoolock'': 2 вида
** [[Номаскуси]], ''Nomascus'': 5 вида
** [[Сиаманги]], ''Symphalangus'': 1 вид
* Фамилија на хоминидите или големи човеколики мајмуни (''Hominidae'')
** Подфамилија ''Ponginae''
*** [[Орангутани]], ''Pongo'': 2 вида
** Подфамилија ''Homininae''
*** [[Горили]], ''Gorilla'': 2 вида
*** [[Шимпанзи]], ''Pan'': 2 вида
*** [[Човек|Луѓе]], ''Homo'': единствен современ вид — разумен човек (''Homo s. sapiens'').
 
== Фосилни човеколики мајмуни ==
 
Најстарите познати претставници на хоминоиди се [[камојапитекус]] (од пред 25 милиони години) и [[моротопитекус]] (пред 20,6 милиони години).
 
== Надворешни врски ==
 
* [http://www.pubmedcentral.nih.gov/articlerender.fcgi?tool=pubmed&pubmedid=10995486 Hominoid systematics The soft evidence]
 
[[Категорија:Човеколики мајмуни|*]]