Артур Тјудор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 6:
 
Артур и Катерина еден на друг си пишувале на [[латински јазик]], бидејќи и двете страни не го познавале јазикот на другиот. Артур освен латински, знаел [[грчки јазик]]. Бракот помеѓу Артур и Катерина не бил склучен сè додека Артур не наполнил 15 години. Катерина во Англија пристигнала на 4 ноември, а венчавката била одржана десет дена подоцна. Принцот и принцезата од Велс живееле во дворецот Лудлов, каде Артур требал да претседава со велшкиот совет. По само неколку месеци, Артур и Катерина се разболиле. Принцезата преживеела, но не и престолонаследникот. Така, на [[2 април]] [[1502]] година Катерина останала вдовица. Се смета дека Артур починал од [[туберколоза]] или [[дијабетис]].
 
По смртта на Артур и веста дека Катерина не забременила од него, позицијата на престолонаследникот односно принцот од Велс се пренасочила кон неговиот брат Хенри, кој по смртта на својот татко станал крал на Англија. Хенри се оженил со вдовицата на својот брат Катерина.