Тјудори: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
Чувствувајќи дека и самиот нема големо право да застане на англискиот престол, тој свесно се оженил за [[Елизабета од Јорк]]. Преку овој настан, тој успеал да ги обедини двете династии ([[Династија Јорк]] и [[Династија Ланкастер]]) кои воделе голема војна во последните триесет години, а нивните симболи ги вклопил во еден, познат како [[Тјудорска роза]], која претставува спој од црвената роза на Ланкастер и белата на Јорк. По доаѓањето на власт, Хенри бил крунисан како Хенри VII. Тој започнал со големи реформи и модернизација на земјата.
 
Владеењето на династијата владеело точно 118 години. Во текот на Тјудорскиот период од историјата на Англија, најзначајно е одделувањето на англискиот католицизам од Римокатоличка црква|Римокатоличката црква, во времето на Хенри VIII. По ова била создадена Црква на Англија|Англиканската црква. Во времето на Едвард VI, Англија станала протестантска земја. Кога на тронот застанала Мери I, таа направила обиди да ја врати Римокатоличката црква на чело на религиозното убедување на англискиот народ, но во тоа не успела. Нејзината полусестра, Елизабета I била заколнета протестантка, па така нејзиниот обид бил неуспешен.
 
Владеењето на Тјудорите било прекинато за само девет дена од страна на Лејди Џејн Греј, која не била од династијата на Тјудорите, но сепак била правнука на Хенри VII.
 
 
 
{{commons|Category:Tudor people}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тјудори