Шу: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
Ра го создал преку кивање, а потоа ја исплукал и неговата сестра [[Тефнут]], божицата на влагата. Шу и Тефнут се родители на [[Геб]] и [[Нут]]. Шу ги разделил со тоа што застанал меѓу нив. Тој е [[персонификација]] на воздухот, и го сметале за многу моќен. Го нарекувале северен ветер кој го најавува [[Сонце]]то.
 
Шу бил првороден син на Тему. Според една легенда, Тему непосредно ги создал Шу и Тефнут по пат на онанија, додека според друга, божицата Хатор (божица претставена во вид на крава) му била мајка; во третата легенда, пак, татко му бил Тему, а мајка Иусасет. Како моќ на природата тој бил претставник на светлината, а исто така, бил и бог на воздухот, ветрот и атмосферата. На киповите е претставен како се подигнува од земјата со сончев диск на своите рамена. Тој го дигал небото и го држел секој ден, па за да си ја олесни работата поставил столбови на најважните точки во Хермопол Магна.
 
{{Египетски божества}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Шу