Амон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
[[Податотека:Amun.svg|right|thumb|200 px|Амон со „нормална“ кожа]]
'''Амон''' (изворно '''Амун'''; [[египетски јазик|египетски]]: ''скриениот'') е древно [[египет]]ско и [[Либија|либиско]] божество, [[бог]] на [[Теба]], стариот и главен град на Египет од 11 до 21 династија. Се смета за создавач на душата „ба“. Грците го поистоветувале со својот врховен бог [[Зевс]]. Поврзан е и со богот на плодноста [[Мин]], па така настанал [[Амон-Камутеф]].
 
Богот Амен или Амон или Амун бил првобитно локален бог на Теба. Овој „скриен“ бог, што е и значењето на неговото име, во суштина бил бог на египетскиот југ, но кога тебанските кралеви ги поразиле своите непријатели од северот и станале господари на целата земја Амен станал бог од првенствена важност. Свештениците на овој бог него го нарекувале „крал на боговите“ и настојувале да го наведат целиот Египет да го прифати како таков, но и покрај нивната моќ, сфатиле дека ова не можат да го остварат ако не го поистоветат со најстарите богови на земјата. Објавувале дека тој претставува скриена и таинствена моќ која ја создала и одржува вселената и дека сонцето е симбол на оваа моќ; така го додале на неговото име, името на Ра и во овој облик тој постепено ги узурпирал атрибутите и моќта на Ну, Хмену, Птах, Хапи и други големи богови. Освен што бил претставен како итифалусен бог, тој бил претставен и во пет други форми и тоа: (1) како човек што седи на тронот со жезол во раката; (2) како човек со глава на жаба; (3) човек со глава од уреус (симбол на божествената кралска моќ); (4) како мајмун; (5) и како лав. Негово свето животно било гуската. На чело на кралот Амен-Хетеп или Аменофис IV избила побуна против Аменовата надмоќ во средината на XVIII династија, но немала успех. Овој крал толку го мразел овој бог што го сменил името во „Ху-ен-Атен“, т.е. „слава на сончевиот Диск“, и наредил Аменовото име да се избрише од храмовите и други големи споменици каде тоа било можно. Овој крал сакал да го замени Аменовиот култ со Атеновиот, еден облик на богот-Сонце. „Атен“ дословно значи „Сончев Диск“. На сликите Атен е прикажан во облик на диск од кој излегуваат многубројни раце и шаки кои даруваат живот на неговите поклоници. По Аменофисовата смрт Атеновиот култ опаднал и Амен го повратил своето влијание на египетското мнение.
 
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Амон