Црква „Св. Спас“ - Скопје: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[FileПодатотека:Church of Holy Salvation (Skopje).jpg|thumb|250px|right|Поглед на црквата]]
 
'''Црквата Св. Спас''' е еден од најзначајните споменици на културата во [[Скопје]]. Таа се наоѓа источно од тврдината [[Скопско кале|Кале]].
Ред 8:
Црквата е тробродна, средниот брод е засводен, страничните се рамни и покриени со штици во коцки, додека во западниот дел е подигната галерија за жени. На јужниот ѕид, повисоко од денешното ниво на подот, во текот на поправката на црквата 1963-64 год., е откриен живопис од XVI-XVII век. И токму овој ѕид зборува за дел од историјата на оваа црква подигната во XVIII век. Во текот на XIX век црквата го добила својот дефинитивен изглед. Во 1824 год. бил довршен иконостасот, а во [[1867]] год. бил изработен дел од престолните икони. За изведување на иконостасот и иконите, свој придонес дале занаетчиските еснафи и трговци од Скопје.
 
== Иконостас ==
 
Црквата Св. Спас е особено значајна поради својата мошне убава уметничка резба во која е изработен [[Иконостас|иконостасот]], владичкиот престол, проповедниците, певниците и постолјето за целивање на икони.
Ред 23:
 
Во годините кога тајфата на [[Петре Гарката]] го изработила иконостасот, таа ги изработила владичкиот престол, проповедницата, проскиниторот - постолјето за целивање на икони и двата аналоја - певниците. И на иконостасот и на погоре споменатите предмети главно владее барокниот стил. Но низ него помалку или повеќе се преплетуваат и други стилови. Со старите дрворезбарски творби на средновековната уметност, со позајмување на мотиви од [[Готика|готиката]] и [[Ренесанса|ренесансната]] уметност, а потоа со натуралистички мотиви, композиции од [[Рококо|рококо]] стилот и со мноштво мотиви од источната, [[Исламска уметност во Македонија|Исламска уметност]].
 
Така со спојувањето и преплетувањето на разните стилови, Мијаците создале единствен стил кој во првите години на својот развиток достигнал врв во копаничарската уметност. Иако релативно скромен по димензии, иконостасот импресионира со мајсторството на изведбата, со високиот уметнички квалитет и богатство на содржината, нешто што го става во редот на врвните достигнувања на копаничарската уметност.