Хералдика: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: eu:Heraldika
с Бот: козметички промени
Ред 3:
'''Хералдиката''' е наука за [[Грб (хералдика)|грбовите]] која се занимава со правилата кои владеат при нивното [[дизајн]]ирање, [[спојување (хералдика)|спојување]], наследување, како и [[блазонирање]] (опишување, читање) на грбовите.
 
== Хералдичка практика ==
{{Грб-елементи}}
 
=== Правото да се има и користи грб низ историјата ===
Во почетокот на времето на хералдиката, луѓето, односно [[благородници|благородниците]] сами одлучувале за [[дизајн|дизајнот]] на грбот. Во тоа време положбата на обичните луѓе не им дозволувала да имаат грбови. Набргу, големите великодостоинственици го земаат правото за доделување на грб. Со јакнењето на [[монархија|монархијата]], правото на доделување на грб го задржува [[цар|царот]].
 
Ред 15:
Најсериозно хералдичката легислатива е сфатена во [[Шкотска]], каде може да се заврши со големи казни доколку некој користи туѓ грб (видете: [[Шкотска хералдика]]).
 
=== Кој денес може да поседува и користи грб? ===
Денес, за граѓаните на оние земји кои немаат официјални хералдички тела и закони, во која група спаѓаат поголемиот број земји, секој може да користи грб. Секој може да користи блазон како свој, освен ако грбот кој го одбрал веќе не е заштитен на некој легален начин.
 
Грбот може да биде и веќе постоечки, кој може да се користи во случај на легално наследство.
 
=== Хералдичкото уредување денес ===
Бидејќи во поголемиот дел на земјите не постои официјално хералдичко тело и законска рамка во која тоа би работело, денес, хералдички авторитет преставуваат разни хералдички здруженија, кои прествауваат приватни организации.
 
Актите на овие здруженија немат правна моќ и се доброволни. Сепак имаат авторитет во хералдичките кругови. Здруженијата се занимаваат со креирање на грбови, водат евиденција за постоечките и новите грбови, и често вршат генеолошки истражувања како дел од евиденцијата за носителите на постоечките грбови и нивните наследници.
 
=== Правото за доделување грб ===
{{main|Грбоносец}}
Право на доделување на личен грб го има монархот преку хералдички орган. Ова се случува со посебен документ. Лицето кое користи грб се нарекува [[грбоносец]] или „армигер“. Кога едно лице има право на грб, за него велиме дека е „грбоносно“ ([[англ.]] ''armigerous'')
Ред 38:
Во хералдичкиот свет се прифатливи и оние хералдички здруженија во републиките, кои ја продолжуваат традицијата на дворските хералди, кои имаат подршка од изгонетите монарси.
 
=== Прашањето за јурисдикција ===
Отсекогаш хералдите имале определени јурисдикции односно територии на кои се протегала нивната хералдичка власт, а тоа било територијата на владеење на монархот во чија служба бил хералдот. Затоа хералдите подарувале грбови само на свои поданици и на „странци“ кои имаат голем придонес во соодветната монархија.
 
Ред 47:
Регистрацијата на грб во друга јурисдикција нема хералдичка оправданост.
 
== Елементи на грбот ==
 
=== Штит ===
{{Main|Штит (хералдика)}}
[[Штит (хералдика)|Штитот]] е основниот дел на грбот. Тој е задолжителен дел и може да стои и сам, што преставува Мал Грб, и затоа понекогаш поимот грб се поистоветува со штитот.
 
=== Челенка ===
{{Main|Челенка}}
[[Челенка]]та е вториот важен дел на грбот, кој се наоѓа над штитот, најчесто над шлем, но може да стои и дирекно над штитот. Челенката може да стои над точеницата, која преставува дел од свиткано платно.
Ред 59:
Челенката може да стои и како самостоен елемент.
 
=== Шлем ===
{{Main|Шлем (хералдика)}}
[[Шлем (хералдика)|Шлемот]] е дел којшто иако не е задолжителен станува најчест дел. Видот на шлемот во многу национални хералдики го преставува статусот на армигерот.
 
=== Мантија ===
{{Main|Мантија (хералдика)}}
 
[[Мантија (хералдика)|Мантијата]] е платно со кое се покривал оклопот да се заштити од сонцето. Станува дел од грбот и е задолжителен елемент доколку над штитот има шлем. Традиционално, горната страна на мантијата е со доминантната боја на штитот, додека долната страна е со доминантниот метал од штитот.
 
=== Штитодржачи ===
{{Main|Штитодржач}}
[[Штитодржач]]ите не се задолжителни. Во некои национални хералдики потребно е посебно право за поседување на штитодржачи во приватните грбови.
Ред 74:
Штитодржачите можат да бидат истоветни, но и различни. Најчесто тие се животни или луѓе и нивни нереални презентации.
 
=== Подножје ===
{{Main|Подножје (хералдика)}}
Понекогаш грбот заедно со штитодржачите е потпрен на ритче кое се нарекува [[Подножје (хералдика)|подножје]].
 
=== Девиза ===
{{Main|Девиза}}
[[Девиза]]та е незадолжителен дел на грбот и претставува натпис од различен вид. Традиционално, бојата на лентата е од доминантниот метал, додека буквите се во доминантната боја.
Ред 84:
Под или над грбот, никогаш не се јавува свиток со името на носителот на грбот. Тоа е случај само во некои грбовници и служи за идентификација.
 
=== Други делови ===
Кога носителот на грбот е од некој витешки ред тогаш околу штитот се страва и гердан со орденот на редот.
 
Витезите пак од Суверениот воен ред на [[Малта]] имат право на своите грбови, зад штитот да стават малтешки крст.
 
=== Други хералдички елементи ===
Покрај грбот, хералдиката познава уште два други засебни знаци.
 
==== Беџ ====
{{Main|Хералдички беџ}}
Во хералдиката, [[беџ (хералдика)|беџот]] Преставува значка која истотака го преставува [[грбоносец]]от (имателот на грбот). Тој може да содржи елементи од грбот но и не мора.
Ред 102:
Често и челенката се јавува во улогата на беџ.
 
==== Хералдички знамиња ====
Хералдиката познава неколку видови на хералдички знамиња а најпознати и најчесто применувани се банерот и штандартата.
 
==== Банер ====
[[Банер (хералдика)|Банерот]] всушност е презентацијата на елементите на штитот на правоаголно знаме. Тука влегуваат само елементите на штитот.
 
==== Штандарт ====
[[Штандарт]]от е посебен вид на хералдичко знаме, на кое покрај елементите на штитот можат да се појавуваат и девизата, беџот и челенката.
 
== Видете исто така ==
* [[Грб]]
* [[Грбоносец]]
* [[Хералдички службеник]]
* [[Македонско хералдичко здружение]]
 
== Надворешни врски ==
{{Портал|Хералдика|En-wikipedia arms 9.svg}}
* [http://www.heraldika.org.mk/ Страница на Македонското хералдичко друштво]
* [http://www.rootsweb.com/~bgrbshv/ Страница на Бугарското хералдичко и вексилолошко општество]
* [http://geraldika.ru/ Страница на руската хералдика]
* [http://www.hgzd.hr/ Страница на Хрватската хералдичка и вексилолошка асоциjациja]