Феудализам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: tl:Piyudalismo
с Бот: козметички промени
Ред 28:
За целото време на феудализмот во [[Европа]], [[Христијанство|христијанската]] црква била идеолошки столб и бранител на феудализмот, бидејќи како и крупниот феудалец, и кметовите биле заинтересирани за одржувањето на феудалниот општествен поредок, кој црквата го претставувала на своите верници како божја волја и секоја побуна против него го обележувала како најтежок грев (од делата на црковните писатели ''Кметството е божји дар'', ''Работејќи за владетелот и слушајќи ја службата божја, ние го љубиме Бог''). Црквата редовно ги [[Анатема|анатемисувала]] сите антифеудални движења (селски востанија, еретички движења, борбата на граѓаните против феудалците, граѓанската или буржоаска култура и сл.), помагајќи им така на световните феудалци во задушувањето на антифеудалните движења. Најостар вид на [[класна борба]] во времето на феудализмот претставувале селските востанија. Нив ги имало многу во сите земји, но поради неорганизираноста на селаните никогаш не успевале. Од [[12 век]], со развојот на градовите, занаетчиството и трговијата, започнува и борбата на обесправените граѓани против феудалците во кои граѓаните, поорганизирани од селаните ги добивале битките. Така, тие почнале да имаат претставници во собирот на сталежите и градската самоуправа, кои ги назначиле кралот или феудалците.
 
На почетокот на [[16 век]], граѓанскиот сталеж под влијание на развојот на производните сили се претвора во класна свесна буржоазија, која, собирајќи околу себе антифеудални сили (селани, занаетчии, ситни трговци), во големите [[Буржоаска револуција|Буржоаски револуции]], го руши феудалниот поредок и основа свој - [[Капитализам|капиталистички]]. Од сите буржоаски револуции најодлучен удар на феудализмот нанела [[Француска буржоаска револуција|Француската буржоаска револуција]] од [[1789]], по која феудализмот како општествен систем се држи само во заостанатите држави на средна и источна Европа, кадешто во текот на [[19 век]] (во [[Германија]], [[Хабсбуршка монархија|Хабсбуршката монархија]] и [[Италија]] во [[1848]], а во [[Русија]] во [[1861]]) и таму под притисокот на борбите на широките народни маси бил делумно укинат. Во [[Колонија|колонијалните]] и полуколонијалните земји ([[Кина]], [[Индија]] и др.) феудализмот се додржал сè до првата половина на [[20 век]] и се ликвидирал во текот на спроведувањето на народноослободителните борби и антиколонијални револуционерни движења.
 
[[Категорија:Општествени уредувања]]