Репликација на ДНК: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[СликаПодатотека:DNA_replication_split.svg|thumb|200px|right|Репликација на ДНК. Двојноспиралната молекула на ДНК се одмотува и секоја одмотана верига служи како шаблон за синтеза на нова, основајќи се на комплементарноста на базните парови.]]
'''Репликацијата''' (од ''replica'' што значи ''копија'') во [[генетика]]та означува процес со кој молекулата на [[ДНК]] се удвојува. Оваа активност се случува во [[интерфаза]]та од [[Делба на клетките|клеточниот циклус]] и преку неа клетките кои ќе се добијат од клеточната делба го наследуваат целокупниот [[геном]], односно целосниот сет од [[ген]]и присутни во еден организам. Кај [[еукариот]]ите, молекулите на ДНК кои го градат геномот се поврзани со [[протеин]]и и влегуваат во состав на [[хромозом]]ите, од кои секој содржи единечна линеарна ДНК молекула. Еукариотските хромозоми се наоѓаат во [[Клеточно јадро|клеточното јадро]]. Геномите на [[Бактерија|бактериските]] клетки ([[прокариот]]и), кај кои отсуствува јадрото, се најчесто кружни ДНК молекули (наречени [[плазмид]]и) кои се поврзуваат со посебни структури во [[Клеточна мембрана|клеточната мембрана]] (означени како [[епизом]]и). И покрај големата [[Еволуција|еволуциска]] разлика помеѓу прокариотите и еукариотите која се мери во милиони години, карактеристиките на процесот на репликација се зачувани и се многу слични кај двете големи групи на живи организми.
 
Ред 23:
Протеините од репликациската вилушка се наменети за решавање на гореспоменатите проблеми. ДНК полимеразите не се способни да ја одмотаат двоспиралната ДНК молекула, за што е потребно енергија за да се раскинат водородните врски помеѓу базните парови кои ги држат веригите заедно. Оваа задача ја обавува ДНК хеликазата, која ја користи енергијата од [[Аденозин трифосфат|АТП]] за да ја одмота шаблонската ДНК. Потоа единечните вериги се врзуваат со [[врзувачки протеин за единечна верига]] (означен како SSB, single-strand binding protein кај бактериите и [[RPA]] кај еукариотите). Овој протеин го спречува повторното спирализирање на веригите. Одмотаната ДНК која се создава по репликациската вилушка се стреми да ротира и да се свива. За да се спречи ова, постои еден ензим означен како [[ДНК гираза]] (кај бактериите) или [[топоизомераза]] (кај еукариотите), кој ја исправува и одржува веригата.
 
[[СликаПодатотека:DNA replication numbered.svg|thumb|center|700px|Многу ензими се вклучени во репликациската вилушка: 1. водечка низа; 2. неводечка (пратечка) низа; 3. ДНК полимераза; 4. ДНК лигаза; 5. РНК прајмер; 6. ДНК примаза; 7. Оказаки фрагмент; 8. ДНК полимераза; 9. хеликаза; 10. SSB протеин; 11. топоизомераза.]]
 
== Водечки низи и неводечки низи ==
 
Координираната синтеза на две ќеркини низи задава важен проблем при ДНК репликацијата. Двете мајчини (родителски или парентални) низи од ДНК се протегаат во спротивни насоки, едната од 5′ до 3′ крајот, а другата од 3′ до 5′ крајот. Меѓутоа, сите познати ДНК полимерази ја [[Катализа|катализираат]] синтезата на ДНК само во еден правец - од 5′ кон 3′ крајот, додавајќи нуклеотиди само на 3′ крајот на растечката верига. Доколку ќеркините вериги се синтетизираат континуирано (без престан), тогаш тие би морале да се синтетизираат во спротивен правец, но ова не се случува.
 
Решението на овој проблем е во тоа што се согледало дека само една од двете ќеркини вериги, означена како водечка низа, се синтетизира непрестано во правец на движењето на репликациската вилушка (од 5′ кон 3′ крајот). Втората ќеркина верига, означена како неводечка (пратечка) низа, се создава дисконтинуирано во мали сегменти, наречени [[Оказаки фрагмент]]и. Секој Оказаки фрагмент се создава во правецот 5′-3′ од страна на ензимот ДНК полимераза, чиј правец на синтеза е обратен во споредба со целосното движење на репликациската вилушка. Потоа, овие фрагменти се спојуваат со помош на ензимот наречен [[ДНК лигаза]].
Ред 41:
* [http://www.johnkyrk.com/DNAreplication.html ДНК создава ДНК] (флеш анимација)
* [http://www.dnareplication.info/ Инфо-страница за ДНК репликацијата] од Џорџ Какарис
* [http://www.dnareplication.net/ Референтен веб-сајт за еукариотската репликација]
* [http://strangepaths.com/dna-replication/2007/07/03/en/ Молекуларна визуелизација на репликацијата]