Окленд (регион): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: zh:奥克兰大区
с Бот: козметички промени
Ред 15:
|Претседател:||[[Мајкл Ли]]

|Население:||1,358,200
јуни 2006

|Површина:||6,059km²
Ред 29:
!colspan=2 align=center bgcolor="#BFDFFF"|Составни административни единици

|Имиња:||[[Град Окленд]]
[[Град Манукау]]
[[Северен Брег, Нов Зеланд|Град Северен Брег]]
[[Ваитакере|Град Ваитакере]]
[[Папакура|округ Папакура]]
[[Френклин (округ)|округ Френклин]] (делови)
[[Родни (округ)|округ Родни]]

|Веб-сајт:||http://www.aucklandcity.govt.nz
http://www.manukau.govt.nz
http://www.northshorecity.govt.nz
http://www.waitakere.govt.nz
http://www.papakura.govt.nz
http://www.franklindistrict.co.nz
http://www.rodney.govt.nz

Ред 37:
'''Окленд''' ([[Англиски јазик|англиски]]: ''Auckland'') е еден од 15-те [[региони во Нов Зеланд]], кој го носи името по [[Окленд]], голем град во неговото средиште.

== Географија ==
На копно, регионот се простира од [[устие]]то на [[Каипарско пристаниште|Каипарското пристаниште]] северно и преку јужните делови на [[Севернооклендски полуостров|Севернооклендскиот полуостров]], крај [[Ваитакере (планински венец)|планинскиот венец Ваитакере]] и [[теснец]]от на [[Окленд]], па се до [[Хунуа (планински венец)|планинскиот венец Хунуа]] и низините јужно од [[Манукавско пристаниште|Манукавското пристаниште]]. Регионот завршува неколку километри од устието на реката [[Ваикато (река)|Ваикато]]. Северно се граничи со [[Нортленд (регион)|Нортленд]], а јужно со регионот [[Ваикато]]. Во регионот спаѓаат и островите на заливот [[Хаураки (залив)|Хаураки]].

Површината му е помала од онаа на сите други [[Унитарна власт|унитарни единици]] освен [[Нелсон, Нов Зеланд|Нелсон]]. Највисока точка е врвот на [[Хаутуру/Мал Бариерен остров|Малиот Бариерен остров]], со 722 метри.

=== Територијални води ===
[[Пацифик]]от и [[Тасманово море|Тасмановото море]] го сочинуваат крајбрежјето на регионот. Источната обала се преклопува со водите на заливот [[Хаураки (залив)|Хаураки]], кој е ракав на Пацификот заштитен од голем број на помали и поголеми острови, а особено од [[Голем бариерен остров|Големиот Бариерен остров]] на североисток. [[Ваитематско пристаниште|Ваитематското пристаниште]], кое е ракав на заливот Хаураки ја сочинува главната лука на Окленд. Копнетото крајбрежје е долго 1,613 км. Тука насекаде наоѓаме заливчиња и устија и полузатворените пристаништа Ваитемата, Манукау и Каипара.

Ред 48:
Регионот има многу убави плажи, особено на тасманскиот брег јужно од Каипата. Некои од овие се плажите [[Муриваи]] и [[Пиха]].

== Вулканско подрачје ==
Окленд лежи врз [[Оклендско вулканско подрачје|лавино подрачје]] во мирување. Регионот има 49 вулкани со разни старости, од кои најстариот се создал пред 150,000 години. Сите вулкани се релативно мали, некои од кои не се повисоки од 150 метри.

Најскората ерупција се случила пред околи 600 години. Овој настан го создал островот [[Рангитото]].

== Луѓе ==
И покрај малата површина, овој регион е во голема мера најнаселениот во Нов Зеланд, со 1,337,000 жители (проценка од 2005), или околу 32% од населението во државата. Тој исто така се развива и расте најбрзо од сите региони, со пораст на населението за 240,000 во последните 10 години- пораст од 22% (според пописите од 1996, 2001 и 2006). Според пописот од 2001, во регионопт Окленд живее 26.3% од [[Европејци|европејското]] население цо државата, 24.3% од вкупното [[Маори|маорско]] и 66.7% од вкупното [[Пацифички островјани|пацифичко]] население, 63.7% од [[Азијати|азијатското]] и 54.7% од „останатите“ етнички групи. Ова ја покажува етничката разноликост на регионот, особнено во споредба со остатокот од [[Нов Зеланд]].

Во регионот се наоѓа градот [[Окленд]], помали гратчиња, рурални области и островите на заливот [[Хаураки (залив)|Хаураки]].

== Локална управна структура ==

=== Регион ===
Регионот го управува [[Оклендски Регионален Совет|Оклендскиот Регионален Совет]]. Меѓутоа тој има ограничена контрола врз градот, со фокус на заштита на животната околина, финансирање на јавен превоз и управа со регионалните паркови и крајбрежја. Останатата управа им припаѓа на т.н. Територијални Локални Власти, од кои во регионот има седум, четири града и три округа.

=== Окрузи ===
Северно од оклендското населено подрачје се наоѓа округот [[Родни (округ)|Родни]], во кој спаѓаат гратчињата [[Хеленсвил]] и [[Велсфорд]].
Јужно од него е округот [[Папакура]], во кој се наоѓа истоименото гратче. Уште појужно, регионот Окленд ја покрива северната половина од огругот [[Френклин (округ)|Френклин]] (јужната половина е дел од регионот [[Ваикато]]). Во округот Френклин се наоѓаат гратчињата [[Ваику]] и [[Пукекохе]].

=== Градови ===
Помеѓу горенаведените окрузи се наоѓа конурбацијата [[Окленд]]. Таа се простира околу [[Ваитематско пристаниште|Ваитематското пристаниште]] и се протега јужно од Оклендскиот теснец до бреговите на [[Манукавско пристаниште|Манукавското пристаниште]]. Северно, истата се простира долж заливот [[Хаураки (залив)|Хаураки]], сè до [[Ваивера]].