Социологија на македонската национална свест

Социологија на македонската национална свест — обемно дело на македонскиот социолог Славко Милосавлевски, издадено во два тома и посветно на социолошкиот развиток на националната свест на Македонците. Самото дело од социолошки аспект и дефинирање на нацијата како од капиталистичката (буржоаска) така и од марксистичко-ленинистичката комунистичка (по Октомвриската револуција) парадигма, ги разгледува појавата и развитокот на македонската национална свест изнесувајќи бројни историски факти, наведувајќи историски настани, случувања и документи во поткрепа на постоењето на засебната македонска национална свест. Првиот том на делото „Социологија на македонската национална свест“ содржи 11 поглавја кои ги опфаќаат: општиот приод кон македонското национално прашање; осврт (пролегомена) за историјата на македонската национала свест; појавата и развитокот на македонската национална свест, Илинден во развитокот на македонската национална свест; славистиката и балканистиката од крајот на XIX век и македонското прашање; бугарскиот, српскиот и грчкиот национализам и развитокот на македонската национална свест; балканските социјалисти и македонското национално прашање; големите европски сили, балканските држави и македонското национално прашање; револуцијата на народите на Југославија и македонското национално прашање; демократијата и тероризмот во стратегијата и тактиката на ВМРО; и специфичности на развитокот на македонската национална свест и развитокот на националната свест кај другите балкански народи.

Социологија на македонската национална свест
Корицата на првото издание на книгата "Македонски работи"
АвторСлавко Милосавлевски
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
Жанрсоциологија, историја
ИздавачКултура
Издадена
1992 (втор том 1996)
Страници205
ISBN86-317-0069-Х Параметарска грешка во {{ISBN}}: Неважечки ISBN.