Софија Данова

(Пренасочено од Софиа Данова)

Софија Данова (бугарски: София Симьонова Данова; р. Симеонова, во 1879 година во Велико Трново, починала во 1946 година) е бугарски филантроп, професор и издавач. Таа била првата бугарска жена која дипломирала по математика. Нејзиниот татко бил руски здравствен професионален работник во руско-турската војна (1877-1878), кој се населил во Бугарија, кога ја запознал својата идна сопруга. Софија имала сестра Олја.[1]

Софија дипломирала во женското средното училиште „Митрополит Климент“ во Велико Трново. Потоа заминала во Русија за да го посетува Државниот институт за технологија во Санкт Петербург, каде се здобила со диплома по математика. Помеѓу 1904 и 1907 година, таа подучувала математиката во женската гимназијата во Пловдив. Таа се омажила за Грујо Данов, син на Христо Г. Данов, издавач, во 1907 година.[1] Таа, исто така, била активна во семејната издавачка куќа, по смртта на нејзиниот свекор во 1911 година, заедно со нејзиниот сопруг и зет. Објавиле околу 2.400 книги до 1947 година, кога издавачката куќа била распуштена.[2]

Во 1936 година, Софија водела женска добротворна фондација, за поддршка на образованието на сиромашните студенти. Фондацијата, основана во 1895 година, имала за цел економска независност на девојките, со нивно обучување во струка. Предавале голем број предмети, вклучително и везење, кроење, уметност и изработка на детални технички цртежи. Во 1910 година, била формирана училишна библиотека, со книги донирани од Христо Данов. Исто така, бил формиран и фонд во име на Софиа, кој до 1946 година имал капитал од 31.690 лева. Тој бил одговорен за благосостојбата на сиромашните студенти, како и за изградбата на станови.[3]

Софиа Данова умрела во 1946 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Mitova-Ganeva 2009, стр. 25–28.
  2. Kosturkov 2013.
  3. Stoyanova 2018.

Библиографија

уреди
  • Kosturkov, Yordan (24 August 2013). „Неизвестно и малко известно за Христо Г. Данов“. Duma (196).
  • Mitova-Ganeva, Katya (2009). Великотърновки – от традицията към модерността. Faber BG. ISBN 978-954-400-040-0.
  • Stoyanova, R (2018). „Женско благотворително дружество "Постоянство". Енциклопедия Дарителите.