Соундгејт (музичка група)

Соундгејт — македонска хард рок музичка група, активна во периодот 1997 до 2005 година.

Соундгејт
Soundgate
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровиметал, симфо-рок, хард рок
Период на активност1997-2005
Поранешни членови
Александар Камиловски-Каме
Даниел Петровски-Балтик
Ангел Коруновски
Златко Строжановски-Мендона
Ѓорѓе Јовановиќ (музичар)
Јулијана Стојческа
Ристе Трајковски
Дора Бојановска

Историја

уреди

Во септември 1997 година, во Скопје е формиран симфо-рок составот со име „Атараксија“, кој по неколку години, по мали персонални промени, го променила своето име во Соундгејт.[1]

Првото поjaвување на бендот пред публика било на „Поп-Рок Фест 97“ во јануари 1998 година во Штип и потоа и во финалето во Скопје. На почеток на 1998 година во студиото „Профаундс“ во продукција на Дориан Јовановиќ (од Стринг форсис) групата ги направила единствените три снимки Будење, Низ морганидите и Чуден свет, кои никогаш не биле објавени на самостоен носач на звук.

Во 2002 година бендот започнал со снимање деби-албум во студиото „Профундус“, но поради технички проблеми снимањето се оддолжило цели две години. Единствен резултат од таа сесија бил недовршениот материјал за албум, како и еден промотивен сингл со спот за песната Будење, кој во 2002 година излегол во издание на „Профундус рекордс“.

Бендот бил дел од неколку концерти, меѓу кои отворање на концертот на Стринг форсис во МОБ, во јули 2002 година,

Во 2005 година бендот престанал да постои.

Наводи

уреди
  1. Филиповски, Тошо (2018). Македонска Рок Енциклопедија. Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. ISBN 978-608-662000-0-4 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).