Сотир Христов - Војводата

Рани години

уреди

Сотир е роден не во демирхисарското село Брезово. Правилното презиме му било Кузмановски а не Христов. Татко му се викал Ристо. Имал и еден брат и една сестра Нацка. За неговото рано детство не се знае многу. Тој никако не бил Бугарин. Немал татарско потекло.

Револуционерна дејност

уреди

Како станал комита

уреди

Кога навршил осумнаесет години го фатил арамијата Јордан Пиперката и се заканувал дека ќе го заколи ако татко му Ристо не донесе триесет златници. Кога дошол татко му Ристо со само дваесет и девет златници, бидејќи немал повеќе, Јордан прво рекол дека ќе го коли за тој еден златник, но потоа се премислил. За да се оддолжи на Јордан, Сотир решил да оди во Романија на печалба. Од комитетот на ВМРО му дале писмо во кое биле имиња меѓу кои биле и имињата на Рале Војводата и Костадин Капиданот Војводата. Заедно со нив тргнал. Тие требало да го предадат во комитетот во Софија и тие требало да им обезбедат да заминат во Романија. Но кога стигнале не ги спровеле, туку им рекле дека ќе ги учат за војводи. Така останале да учат. Сите тројца по завршувањето на училиштето си оформиле свои чети.

Војвода

уреди

Четата на Сотир броела околу осумдесет души. Тој бил поставен од комитетот за заштитник на Брезово и околните села. Истовремено бил и судија за да ги решава споровите меѓу селаните. Најстрога казна му била за тој што бил виновен да му постават кокошкино јајце на главата и од четиринаесет метра Сотир го гаѓал јајцето. Во селото кога иделе заптиите да собираат данок ги носел ад селото, ги отепувал и таму ги закопувале. И ден денеска местото се вика Запски дол. Освен што се борел против турците, се борел и против арамии. Така има една случка кај селото Радово. Го фатил Неби арамијата и почнал да го коли, а тој пиштел, плачел, викал. Сејмените му викале „Гајрет, Неби, гајрет!“ и тогаш главата се отркалала кај жена што жниела и Сотир и рекол „Жниј, жниј, белким ќе дојдат од оние кучиња да заколам уште некој.“. Неби бил познат арамија во околијата во тоа време. Ова го кажувал Стојан Христовски бидејќи бил присутен со мајка му кога жниела. Таа е таа жена на која и се дотркалала главата.

Загинувањето на Јордан Пиперката

уреди

На планината Турла има едно село С'лп, турско село. Низ селото не смеел никој православен да помине на коњ зашто таков бил законот во Османлиската империја. Турските деца ги малтретирале христијаните кога поминувале од таму и им ги земале кесињата со пари и си земале пари колку сакале од нив. Сотир и Јордан се кладеле кој ќе помине јавајќи на коњ низ селото. Прв тргнал Сотир качен на бел коњ. Турците се скриле по домовите и го гледале од прозорците и не се осмелувале да го гаѓаат знаејќи дека е брз на револвер. Така Сотир поминал без никакви проблеми. Кога влегол Јордан качен на коњ, го збркале и во близина на селото го убиле. Тој што ми ја кажуваше оваа приказна кажа дека не е вистина дека се борел против турците и дека сам се убил.

Турците го палат селото Карбуница

уреди

Се заканиле турците дека ќе го палат селото Карбуница (христијанско село). Сотир ги опоменал да него палат зашто ќе им запали две турски села. Турците сепак решиле да го палат. Во август месец околу 1900 г. (не се знае точно кога) ги собрале селаните како иделе од поле и го запалиле селото со се жителите. Тогаш Сотир се договорил со уште некои луѓе и се поделиле. Тој ги собрал сите турци с селото С'лп во џамијата и ги запалил. Другото село што било запалено се викало Кочишта. Таму Сотир на чело на тој одред поставил еден бивш поп. Исто така и таму турците биле собрани во џамијата и биле запалени внатре. Меѓутоа од минарето рипнала една жена на сливата што била до џамијата и почнала да бега на страната на каде што се наоѓал попот. Комитите му викале да пука и да ја отепа, но тој не пукал и рекол „Кога Господ ја спаси не сакам јас да пукам и да и ја земам душата!“.

Загинувањето на Сотир Војвода

уреди

Сотир ја поделил четата и пола ги испратил на Илинска планина, а со 40 комити отишол во Брезово да суди две семејства, Коруновци и Бумбаровци за некоја имотна расправија. Во меѓувреме некој од неговата чета отишол кај турците и го предал. Вечерта отседнал со четата на планината Пештерка. Бил преморен и заспал. Комитите му викале „Станувај Сотире војводо, сардисани сме од сите страни од турскиот аскер!“. Тој им викал да го остават да се наспие. Тогаш го погодиле со куршум во десната нога и летнал да бега на кај местото викано „Марчева ливада“. Тогаш се развила жестока борба со турскиот аскер. Убиени биле седумдесет турци и неговата чета освен двајца преживеани. Дошол турскиот трубаџија до местото каде лежел Сотир, го нашол и со прст почнал да покажува каде е. Сотир пукнал, го убил со последниот куршум и пребегал преку реката во шумата на Качаничка Присојница и таму легнал. Двајца турски војници го нашле и сакале жив да го фатат. Тогаш тој ја откопчал бомбата што ја имал и се самоубил заедно со нив. Од цела чета само двајца успеале да избегаат меѓу кои и предавникот. Другите турци што останале живи, дошле, му ја пресекле главата и ја навреле на кол до патот кај месноста Цветец во близина на с. Сладуево. Сестра му Нацка поминала тука и турските стражари ја запреле и ја прашале „А мори ѓаурко, дали го познаваш овој комита?“. Таа одговорила дека таков грд човек не познава. Ако кажела дека го познава и дека му е сестра можеле да ја отепаат. од Тука отишла на Илинска планина кај остатокот од четата и им рекла „Срам да ви е што дозволувате главана од брат ми да виси и турци да ја мочаат!“. Тогаш, ноќта отишле двајца комити и им ги отсекле главите на двајца стражари турски и им ги навреле на коље. Главата од Сотир ја зеле и ја однесле во Брезово. Ја дале на Нацка и таа ја погребала до неговото тело.

Не се знае точниот датум на неговата смрт но тој умрел многу кратко пред Илинденското Востание.

Песни за Сотир

уреди

Сотир бил славен војвода и отпеан е во многу песни како на пример:

Се собрале Ѓурѓо

Се Собрале сестро комитите

Во Брезово Ѓурѓо

во Брезово сестро кај чешмана


Ај излези Ѓурѓо

ај излези сестро на пенџере

Да ги видиш Ѓурѓо комитите


Ред се редат Ѓурѓо

ред се редат сестро

ред се редат Ѓурѓо до девет реда

Напред ми оди Ѓурѓо

напред ми оди сестро Сотир Војвода

И по него Ѓурѓо

и по него сестро бајрактарот

бајрактарот Најдо Торбески


Ќе ми одат Ѓурѓо

Ќе ми одат сестро

во Прибилци Ѓурѓо

во Прибилци сестро

во Прибилци Ѓурѓо кај мудурот


Да ја платат Ѓурѓо

да ја платат сестро вергијата

вергијата сестро три годишна

Оваа песна за прб пат јавно е отпеана во 1959 г. во Скопскиот парк кај летно Кино. Песната ја пееше Ванка Јаноска и ја доби првата награда. Таа е од Брезово. Еве уште една песна за Сотир:

Се собрале комитите

се собрале комитите

Ќе ми одат в Суво Поле

Ќе ми одат в Суво Поле

Ќе го чекаат Алим ага


Ќе го чекаат Алил ага

што ја граби руса Диљба

што ја граби руса Диљба

руса Диљба

од Вранештица


Проговара Сотир војвода

Проговара Сотир војвода

„Ај да слезиме долу Брезово

ај да слезиме долу Брезово

да го венчаме Алил ага

да го венчаме Алил ага

за невеста остра сабја!“