Сопатник (филм од 2020)
„Сопатник“ (руски: Спутник) — филм на режисерот Егор Абраменко од 2020 година. Главните улоги ги играат: Оксана Акиншина, Фјодор Бондарчук, Пјотр Фјодоров и Антон Васиљев.[1]
Синопсис
уредиПо чудниот инцидент што се случува на советскиот вселенски брод, само еден космонаут пристигнува жив на Земјата. Меѓутоа, тој не знае дека не е сам. Космонаутот е веднаш префрлен во тајна воена база, каде по деталното испитување станува јасно дека во неговото тело се наоѓа суштество од вселената. Состојбата се заострува кога суштеството се обидува да побегне.