Соломон Алаби
Соломон Макфан Алаби (21 март 1988 во Кадуна) — нигериски професионален кошаркар кој две сезони настапувал за екипата на Торонто Репторс во НБА. Алаби почнал да тренира кошарка на 15 години, а пред тоа играл фудбал.[1] Бил одбран од Далас Маверикс како 50. избор на драфтот во 2010 година, и веднаш бил разменет во екипата на Торонто.[2]
број 21 – Тојотсу Фајтинг Иглс | |
---|---|
Центар | |
Лични информации | |
Роден на | 21 март 1988 Кадуна, Нигерија |
Националност | Нигериец |
Височина | 7 ст 1 ин (2.16 м) |
Тежина | 250 lb (113 kg) |
Информации за кариера | |
Средно училиште | Монтверди (Флорида) |
Колеџ | Флорида Стејт (2007–2010) |
НБА драфт | 2010 / Круг: 2 / Избор: 50-ти вкупно |
Одбран од Далас Маверикс | |
Професионална кариера | 2010–сѐ уште |
Лига | Јапонско првенство |
Историја на кариера | |
2010–2012 | Торонто Репторс |
2010–2011 | →Ири Бејхокс |
2012 | →Баскерфилд Џем |
2012–2013 | Ајдахо Стемпед |
2013 | Икарос Калитеас |
2013–2014 | Јилон Дионс |
2015 | Барако Бул Енерџи |
2016–сѐ уште | Тојотсу Фајтинг Иглс |
За време на неговиот престој во Торонто (2010–2012), Алаби често настапувал на натпреварите од развојната лига на НБА, а во НБА одиграл само 26 наптревари во две сезони со скромна минутажа. Во октомври 2012 Алаби потпишал за Њу Орлеанс Хорнетс, но договорот му бил раскинат на крајот од месецот.[3] Во март 2013 потпишал за грчката екипа Икарос Калитеас, а од 2016 игра за Тојотсу Фајтинг Иглс во јапонското првенство.
НБА статистика
уредиЛегенда | |||||
---|---|---|---|---|---|
ОН | Одиграно натпревари | СН | Натпревари како стартер | МПН | Минути по натпревари |
ПШИ% | Процент на шут од игра | 3П% | Процент на шут за три бода | СФ% | Процент на шут за слободни фрлања |
СкПН | Скокови по натпревар | AсПН | Асистенции по натпревар | УТПН | Украдени топки по натпревар |
БлПН | Блокади по натпревар | ППН | Поени по натпревар | Задебелено | Најдобро во кариерата |
Регуларен дел
уредиГодина | Екипа | ОН | СН | МПН | ПШИ | 3П% | СФ% | СкПН | АсПН | УТПН | БлПН | ППН |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2010–11 | Торонто | 12 | 0 | 4.9 | .200 | .000 | .000 | 1.2 | .2 | .2 | .2 | .5 |
2011–12 | Торонто | 14 | 0 | 8.7 | .361 | .000 | .875 | 3.4 | .2 | .1 | .6 | 2.4 |
Просек | 26 | 0 | 7.0 | .314 | .000 | .700 | 2.3 | .2 | .2 | .4 | 1.5 |
Наводи
уреди- ↑ „Player Bio: Solomon Alabi“. Seminoles.com. Архивирано од изворникот на 2011-10-07. Посетено на 2010-06-11.
- ↑ „Raptors Get 50th Overall Pick Alabi From Mavs“. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на 2017-07-16.
- ↑ Hornets Waive Alabi, Wright
Надворешни врски
уреди- Профил на НБА развојна лига Архивирано на 24 октомври 2014 г.