Согукчешме Сокаги

Согукчешме Сокаги (турски: Soğukçeşme Sokağı; буквално: Улица на Студената Чешма) претставува една мала улица со историски куќи во Султанахмед, помеѓу музејот Аја Софија и Топкапи-сарај, во Истанбул, Турција. Слободна зонска улица била именувана по фонтаната која се наоѓа во паркот Ѓулхан.

Согукчешме Сокаги
Soğukçeşme Sokağı
Согукчешме Сокаги Soğukçeşme Sokağı
Податоци за хотелот
Место Султанахмед, Истанбул, Турција

Улицата е составена од неколку дрвени, на два или три спрата куќи, кои датираат од османлискиот период на градот, односно кон крајот на 19 век и почетокот на XX век. Областа уште се нарекува и "Ayasofya Konakları" или Палатите кај Света Софија. Вкупно девет од овие куќи работат како хотели.

Како најпознат гост којшто престојувал во овој хотел била шпанската кралица Софија во пролетта на 2000 година, која престојувала четири ноќи.[1]

Овде е и родното место на шестиот претседател на Турција, Фахри Корутурк (1903-1987).[2] Во една од куќите се наоѓа и библиотеката Китаплиџи, која поседува повеќе од 10.000 книги.l[3]

Наводи

уреди
  1. „Ayasofya Pensions“. Архивирано од изворникот на 2009-01-23. Посетено на 2010-01-11.
  2. Ayasofya Pensions Архивирано на 3 декември 2009 г. (турски)
  3. Devletşah Архивирано на 17 мај 2008 г. (турски)

Извори

уреди
  • Gülersoy, Çelik (2002). Soğukçeşme Street. Istanbul: TTOK Yayınları. стр. 80. ISBN 9757641375.

Надворешни врски

уреди

41°0′33.48″N 28°58′48.72″E / 41.0093000° СГШ; 28.9802000° ИГД / 41.0093000; 28.9802000